ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 5 минути

100. Ведрина-Смеа-Шега-Духовитост-Забава

Ведрината треба да е со човек секидневно, исто колку меѓу луѓе. Зашто со неа животот е полесен, па и поигрив, па и побогат. Зашто таа него го поттикнува и напредува.

Кога е збор за смеата, треба да се има на ум дека таа е различна, а како реакција соодветна на состојбата, ситуацијата или, пак, како последица односно реакција. Таа може да биде отворена, неоптоварена со ништо, дури неконтролирана, природна, ненаместена и добронамерна, слатка. Но, може да бидесосем спротивна, па и спротивставена на неа-наместена, горчлива, цинична, омаловажувачка, малодушна, рамнодушна. Првата (сите наведени со неа, во неа) ѝ е придружна на ведрината, може нераскинлив дел од неа, а може и да ѝ е наспоредна.

Смеата е отворена, слатка и природна кога е предизвикана од шега. Никако не од подбишега. Шегата е игра, во игра ведрината најизразита. Шегувајте се и со себе и со други добронамерно, за заедничко смеење, без најмала злонамера.

Со духовити луѓе се шегуваш, се смееш и ведро живееш еден, два, неколку, многу заеднички мигови. Духовитите луѓе се меѓу најдрагоцените пријатели и познајници. Затоа што со нив е сè полесно и сè поедноставно.

И ведрината и смеата и шегата и духовитоста како суштествена содржина на забава? Секако, во кое било време, во какво било невреме. За секој што знае да се забавува, што се забавува олеснувајќи го своето катадневие.

Македонски народни пословици и изреки

Дете смеа (шега) не знаи, та затоа за ништо се лути.

Дај му на пијаница милостиња за да се бие шега.

И на шега Бог помага.

Со сиромав не би си шега, оти шегата оит по тебе.

Шега кој се биет, на другио шегата одит по него.

Шега ако се биеш за некого, и ти ќе бидиш како него.

Шегаџиите луѓе не сет за фалење.

Пословици и изреки на народи во светот

Весело срце волна преде (Српска)

Без причина човек мож да се насмее, но не и да заплаче. (Арапска)

Секој ден без смеа е изгубен ден. (Кинеска)

Биди секогаш насмеан и ќе останеш млад. (Кинеска)

Она што е сапунот за телото, тоа е смеата за душата. (Еврејска)

Оној што се смее е господар на својата судбина и заповедник на својата душа. (Зен пословица)

Латински изреки

Нема поневкусна работа од невкусна (неумесна) смеа. (Risu inepto res ineptior nulla est.)

Можете ли да се насмеете? (Risum teneatis?)

Домисла, гесло, мисла водилка

Срце весело помага како лек, а дух жаловен суши коски.
Библија

Весело срце весели лице, а жалост во срце соборува дух.
Библија

И од смеа срце боли, и на веселба крајот ѝ бидува жалост.
Библија

Ако се смееш на своја сметка, на други им го ускратуваш тоа задоволство.
Анонимус

Рекле, изумиле

Ведрината и веселоста се сонца под кои успева сè.
Жан Пол (Јохан Пол Фридрих Рихтер)

Кај што сееш љубов, израснува веселба.
Вилјем Шекспир

Кога цела година би биле празници, забавата би била досадна како и работата.
Вилјем Шекспир

Сериозните работи одложи ги за утре!
Плаут

Ведрината на душата се стекнува кога длабоките стремежи се во хармонија со разумот.
Жил Пајот

Кога да се појави, на ведрината би требало да ѝ се отворат вратата и прозорците; таа никогаш не ни доаѓа во незгоден час.
Артур Шопенхауер

Смеата е глас на човечката душа. Затоа понекоја смеа звучи лажно како и ѕвекотот на лажните пари.
Едмон де Гонкур

Сè додека се може, треба да се смееме. Никогаш не се знае кога ќе ни преседне.
Џон Кесел

Досетката е надмудрена болка.
Џон Кесел

Настојувам да се смеам на сè, од страв да не морам поради сè да плачам.
Пјер Огистен Карон де Бомарше

Забавата е среќа на оние кои не можат да размислуваат.
Пјер Огистен Карон де Бомарше

Кој може да се насмее од срце, не е непоправливо лош.
Томас Карлајл

Тешко е да се насмее чесен човек.
Молиер

Ако сакаш некого да орасположиш, плачи сам; ако сакаш некого да насмееш, задржи сериозно лице.
Мигел де Сервантес

Смеј се и луѓето ќе се смеат со тебе; `рчи и ќе спиеш сам.
Ентони Бургес

Со шега нема да придобиеме непријател, но можеме да изгубиме пријател.
Бакминстер Фулер

Мој начин да терам шега е да кажам вистина. Тоа е најсмешна шега на светот.
Џорџ Бернард Шо

Добрата досетка е умесна дури и на погреб.
Герхард Бранстнер

Многумина шегобијци мислат дека се богати со дух, а всушност се само сиромашни со такт.
Оскар Фингал Вајлд

Смеата и не е баш така лош почеток на пријателство, а секако е негов најдобар крај.
Оскар Фингал Вајлд

Духовитост помешана со злоба не вреди ништо.
Ричард Бринслеј Шеридан

Духовитата жена е богатство, духовитата убавица моќ.
Џорџ Мередит

Претераното умножување на забавите доведува до очајна презаситеност и потоа до мрачна досада.
Јован Дучиќ

Единствено што на потомците би сакал да им разменам во наследство би била ведрината.
Тин Ујевиќ

Има луѓе, иако ретки, на кои ни болка ни мисла не им ги уништува ведрината и едноставноста. Дури и ги прават подобри.
Меша Селимовиќ

Вистинската радост е ведра и непоматена.
Луциј Анеј Сенека

Кога сонцето сјае и на гробишта е весело.
Антон Павлович Чехов

Најдобри лекари на светот се доктор Диета, доктор Мир и доктор Веселник.
Џонатан Свифт

Најди време за смеа, тоа е мелодија на душата.
Мајка Тереза

Ништо во животот не развеселува така како кога нè гаѓаат, па промашуваат.
Теодор Рузвелт

Смеата е најкратка дистанца меѓу свои луѓе.
Виктор Борге

На човек кој умее да се засмее себеси-никогаш нема да му фали забава.
Ширли МекЛејн

Ден без смеа е залудно потрошен ден.
Чарли Чаплин

Не се смееме затоа што сме среќни, туку сме среќни затоа што се смееме.
Вилијем Џејмс

Ништо на овој свет не е толку неодоливо заразно како смеата и добриот хумор.
Чарлс Дикенс

Човечката раса има само едно ефектно оружје, и тоа е смеата.
Марк Твен

Брчките само означуваат место на кое била насмевка.
Марк Твен

Сите се смеат исто на секој јазик зашто смеата е универзална конекција.
Јаков Смирноф

Јас сум најсреќно суштество на светот. Можеби други луѓе кажале такво нешто, но никој немал вакво покритие. Јас сум посреќна дури и од Џејн: таа само се смешка, јас се смеам.
Џејн Остин

Смеата е отров за страв.
Џорџ Р.Р. Мартин

Смеј се секогаш кога можеш. Тоа е евтин лек.
Лорд Џорџ Гордон Бајрон

Благодарен сум ѝ на смеата, освен кога млеко ќе ми излезе низ носот.
Вуди Ален

Никогаш не сум работел еден ден во животот. Сè било забавно.
Вуди Ален

Ништо така моќно, така силно не ја открива човековата нарав како смеата.
Јохан Волфганг Гете

Смеата е средство за смирување без негативни ефекти.
Арнолд Х. Глазгов

Смеата го убива стравот, а без страв од ѓавол нема потреба од Бог.
Умберто Еко

Смеата има полоши насмевки…Има полоши насмевки од солзи.
Иван Тургењев

Тенка е линијата меѓу смеата и болката, комедијата и трагедијата, хуморот и навредата.
Ерма Бомбек

Смејте се зашто животот е убав и има толку нешта поради кои треба да се смееме.
Мерлин Монро

Иако не била честа појава или воопшто не била, смеата станува како дел од секојдневниот живот.
Боб Марли

Иако животот крилјата ми ги скрати, и снег во око почне да вее, знам, барем нема да се покајам дека умеев да се смеам.
Мирослав Мика Антиќ

Кога се јури по духовитост, се уловува глупост.
Шарл Монтескје

Духовитоста е дрскост која стекнала образование.
Аристотел

Забавно е да се направи невозможно.
Томас Стренз Елиот

Кога ќе го прифатите неуспехот, можете да се забавувате и да успеете.
Херодот

Ако човекот секогаш инсистирал на тоа да биде сериозен, а никогаш не им се препуштил на забавата и опуштањето, тој би се налутил или би станал нестабилен, а тоа да не го знае.
Том Вилсон

„Забавувајте се“ е мојата порака, бидете глупави, допуштено ви е глупавото, нема ништо лошо во тоа.
Ненси Митфорд

Leave the first comment