9. На чисто небо
Се видов мигум на чисто небо
и жив и мраморен, личен,
како да ќе запеам моја нова
песна за допејување.
Се видов мигум крај кораб
кој штотуку го соградив
за најсетне да запловам
жизнен
пред изгрејсонце,
а уште снажен
на зајдисонце;
да стасам на уште незнаен крај
на чистото небо,
можеби на граница со облачно.
Јас во кораб,
на чисто небо,
и жив и мраморен, личен,
запејувам моја нова песна
за допејување.