ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

28. Стамен наместо

Стамен наместо
откога станал на нозе
и откога станал гласен
што да не може никој
да го обезгласи.

Го гледа секој
стамен наместо
кога ќе се најде
пред него гласен
како намерник
премален од чекори
неброени
низ беспаќе и тишина.

Му се восхитува секој
како него творец
стамен  наместо
откога ќе открие,
па ќе согледа
дека само како него
стамен наместо
може да биде
сал во свое време
безвремен.

Leave the first comment