21. Своја трага
Остава своја трага
во свое време,
како да ќе биде
за сите времиња;
трага некоја.
Остава, а не ја знае;
ни што е, каква е,
ни колку е длабока,
ни дали ќе води
до неговите коски
кога ќе излезат
на виделина.
Кога би ја знаел,
сè би сторил
да остане жива
додека не се најде
некој
што ќе ја открие
како сведоштво
за еден живот.