Догма-Догматизам

Тивки клокоти

Опфатени сме со догми, заблуди и стереотипи. Непрестано, од најмала возраст до последни години на старост. Од нив, догмите најмногу и најдолго, ако не и до самоти смрт ни го заробуваат умот. Од нив не можеме ни брзо ни лесно да се ослободиме. Како што можеме, ако сакаме, од заблудите и стереотипите. 

Најпрвин умот сами си го заробуваме со наши и општоприфатени догми. Најмниогу како непорекливи, несомнени, а недокажани пројави.

Како да се ослободиме, да се ослободуваме од догмите?

Единствено со критичко мислење, сомневање, несогласување, противење, како и со истражување и едновремено создавање, пресоздавање и надградба на создадено. Исто така со неприфаќање на што било како догма или како последна вистина.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 181

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.