40. Простаклако
Здраво-живо народецу мој,
Ако мене ме прашаш шо је то шо ми прај најголема секирација во последново време кај нас, меѓу нас и со нас, ја би ти одгоорил оти је то простаклако најопшто, посебно простаклако на горнине и најгорнине. Да де, мислам посебно на оние на власт и со власта. Ко пробаш да ги опфатиш сите аспекати на прашањево и негојо контекст, ко шо би рекол стручен ем експерт, ја гарантирам оти тој ќе ти стани најпрв, најголем и сè друго нај во егзистенцијата, дури во суштинската суштина на твојто постоење. Та поради зато решив сега он да ми биди прва и последна точка на дневнио ред.
Лујѓе, á помислам на простаклако почнуам да се крстам со левава и деснава рака само од шо не можам да се изначудам како му дозволивме на простаклако дотолку да завладеј шо да не мојме глава да крениме од него. Ја паметам оти и дамна и во неодамна сме го имале меѓу нас, знаел да ни се качи на глаа шо се вели, дури да завладеј со нас, ама како-така, и вака и онака сме успевале да се справуаме со него, да го потиснуаме, да не нè обземи топтан шо се вели. Ама не паметам, нито можам да разберам зошто и како му дозволивме баш нему просто катаден и катаноќ да нè дави, да нè гуши, дури да не знајме шо да прајме од задууањето со него. А бе простаклак до простаклак и простак до простак! Почнавме сè појќе да се однесуаме меѓу нас простачки, при то забораајќи на антиподското. Да де, мислам на негојо антипод-културата. Во чии рамки рамноправно ни се изразуаат и ги докажуаме убајната, умноста, ученоста и начитаноста.
Ја знам оти ти, народецу мој, знајш шо је простаклако и како го кажуаат, прикажуаат и искажуаат простаците, ама ај да ти поткажам ко потсетуање:
Прво и прво, простаклако најпојќе и најотворено го искажуа простако на село шо го нарекуаат сељак коа од село ќе се пресели, ќе скокни исто ко да треснуа во град и при то и по то остануа шо бил на село-сељак. Со други али трети зборој, не ни пробуа камо ли да поработи да стани граѓанин. Со трети али четврти зборој, никако нито можи, нито сака да заборај на опинците! Ко негојте нозе никако да не можат да се осетуат слободни во чевли односно да се ограѓанисаат, та не му паѓа на ум да ги собуе опинците. Ко да се преселил, ко да скокнал али треснал во градо со опинок во глаата, ко шо своевремено испеа во своја песна еден поет и пејач.
Ама второ и второ, мене не ми праат секирација за нашава сегашнина и уште појќе за утрешнината и подалечната задутрешнина сите сељаци, да ги речам најточно обичните ограѓанети со опиноци во глајте. Прибидејќи тие утре можат малу да поработат на себе и да успеат да ги собујат опинците, да обујат чевли, та уште и да научат да се облекуаат и соблекуаат според граѓанскио вкус односно модата. Ептен ми праат секирација оние шо се на власт и оние шо се со неа, а се само зато шо им се заарнила давајгазовштината. За поарно да ги разликуам тие од обичните, ја нив ги нарекуам потенцирајќи: сељачишта.
И сега дојдов до клучното, суштинското, пресудното и шо би рекол стручнио и експерто круцијалното за простаклако ко таков: како сега и отсега сите ние, ко народ и малцинства во државава али ко граѓани на општествово со сељачишта на власт и со неа? Не знајте како? Ја ко дедо Громче знам. Тамам работа ја да не знам. Знајте како? Никако! Ај накратко да ви го образложам одговоро:
Има ли нешто од антиподо на простаклако-на културата и културното однесуање и поднесуање кај сељачиштата? Нема, нито можи да има. Заошто не можи да има? Па поради зато шо нито покажуаат, нито докажуаат оти макар ја симпатизируаат ако веќе не ја сакаат-убајната. Која убајна? Која било. Да де, мислам на онаа шо стручно-експертски се вика естетика. За шо, пак, од памтивека се знај оти треба знаење преточено во критериум и критичко гледање на работите.
Шо је со умноста односно мудроста кај сељачиштата на власт и сељачиштата со неа? Ништо не је! Сте чуле некоаш од некој од ними нешто умно односно мудро? Да кажи али да тресни нешто не зелено, ами за шо можиш да му речиш ко да му реплицираш: „Браво бе, ова шо го рече ти е многу паметно!“ Ни сте чуле, нито ќе чуете. Али барем да цитира нешто кажано дамна од мудар чоек, макар и да не кажи од кого је прибидејќи во моменто не му текиња. Добро де, се подразбира дека и во власта и со неа се најдува понекој шо знај да кажи свое али туѓо паметно, според правилото секоја чест на исклучоците, ама тој гарант не је од сељачиштата.
А ко логика по ова и претходното шо го реков за антиподо, сама по себе ми се наметнуа начитаноста. Е, кога ми је зборо за неа, мене лично таа од ден на ден ми прај сè поголемо главоболуање. По длабоко и широко промислуање, дојдов до заклучоко: кај нас има сè појќе сељаци, а во власта и со неа сè појќе сељачишта поради зато шо начитаноста је катастрофална. Сакам да речам дека ни је ептен близу до катастрофа. Велам ептен близу прибидејќи всушност веќе не станува збор за начитаност, она је веќе ко шо се вели мислена именка, туку зборо је за читањето општо. И то ко последица на неписменост и полуписменост. Па нормално, лујѓе! Заошто и како можат да читаат такви-неписмени и полуписмени? Ај шо не читаат средновечните и старите, ама то важи и за возрасните. Тука морам да се дистанцирам со контра на едно раширено мислење кое апсолутно не је точно: единствени шо читаат се децата и младите во цуто на младоста. Па влезите во еден градски автобус и загледајте ги младите. Па ретко кој седнат али во стоечка позиција не ја наведнал глаата и пребаруа ли пребаруа по Интернето и Гугло, шета ли шета по мобилнио. Добро де, и ја знам оти гледаат и си пишуаат едни на други, ама и читаат и препишуаат шо им треба ко да им је прочитано.
На крајо да не го забораам она од пред некој ден шо просто напросто ме фрапира: на седница на Парталменто, при распраање за реконструкција на Владата, премиеро имаше дебела книга в раце! Готов бев да се обложуам со секој оти конечно имаме премиер шо не је сељачиште. Ќе останев и сега ќе бев уште фрапиран ако во меѓувреме не се информирав оти тој не читал, ами се препраал оти чита зашто распраањето на пратениците му било досадно. Па уште кога излезе на говорница за да си го докажи простаклако…Имено, на една пратеничка ѝ рече оти била ружна прибидејќи жената му, инаку ептен успешна бизнисменка за праење струја од сонце, му била ко ружа. Ѝ рече така некако.
Ја ко ќе кажам кажано је!