Љупчо Димитровски
Роден во 1951 во Скопје, писател, новинар и радиоводител со повеќе од 40 години искуство. Автор на „Паноптикум“, првиот македонски писателско-новинарски портал, креатор на над 100 книги и бројни радио емисии. Живот посветен на зборот, поезијата и македонскиот јазик.
Повеќе
За авторот
Направете нарачка и го добивате делото на ваша емаил адреса во дигитална форма.
По нарачката добивате профактура. По добиена уплата, го добивате делото на Вашата емаил адреса.
Делата кои се цена 0 ден. се бесплатни за преземање и се со ограничено времетраење на оваа ексклузивна можност.
Доволно е да направите нарачка и веднаш го преземате делото на линк кој ќе го добиете на Вашата внесена емаил адреса.
Создадени дела
Поезија
Создател
Дванаесет книги што ја откриваат суштината на човекот, природата и љубовта. Поетски циклус на Љупчо Димитровски – духовно патување низ создавањето, животот и вечноста.
Original price was: 10,800ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Создател I – За раѓањето
Поетска студија за почетоците на животот и човековата суштина. „За раѓањето“ е песна за создавањето, љубовта и првиот здив на светлината во човекот.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Создател II – За непостојаноста
Поетска студија за минливоста и убавината на мигот. „За непостојаноста“ е филозофска песна за животот што се менува, за зборот што исчезнува и за спокојот во прифаќањето на промената.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Сатира
Шило и осило I – Нема или-или, а ни трте-мрте!
Сатира што боде како шило и осилува совеста. Закони за животот, политиката и човекот – остри, духовити и болни по вистината.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Шило и осило II – СкеЧуално
Сценска сатира за нашето секојдневие – духовито, човечко и апсурдно. „СкеЧуално“ нè става сите на сцена, без маски и без алиби.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Шило и осило III – Приказни за големи деца
Сатира за возрасни што се уште веруваат во приказни. Духовито, горко и вистинито – „Шило и Осило“ сега расте со своите „големи деца“.
Original price was: 600ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Проза
Срцевини на самотни сопатници
Современ роман за љубовта, разделбата и духовното сопатништво. Бисера и Пламен – две души кои се бараат низ времето, просторот и тишината, во борба меѓу слободата и заедништвото.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Монолози и дијалози на беспримерна непорочна љубов
Поетски роман на Љупчо Димитровски во кој љубовта зборува, размислува и живее. Монолози и дијалози што ја претвораат љубовта во вечна, беспримерна и непорочна духовна сила.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Колумнист што мисли гласно за живот и животни приклученија (поенти)
Филозофски роман на Љупчо Димитровски кој преку ликот на Дамјан од Истин го прикажува патот на интелектуалецот што размислува гласно за животот, достоинството и човековата природа. Дело што повикува на размислување, со поенти што оставаат трага.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Афоризми и други јадровизми
Думање на голем и мал човек II
Афоризми што будат размисла и надеж. „Думање на голем и мал човек II“ е патување низ човечката мисла, мудрост и внатрешна светлина.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Думање на голем и мал човек III
„Думање на голем и мал човек III“ ја продолжува мисијата на авторот – да нè научи да мислиме со срце и да чувствуваме со ум. Афоризмите се огледало на животот, на човекот што се преиспитува, греши, но никогаш не престанува да бара смисла.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Думање на голем и мал човек IV
Афоризми што го отвораат просторот меѓу зборот и тишината. Во „ Думање на голем и мал човек IV“ мислата станува светлина што не осветлува само надвор, туку и длабоко во човекот.
Original price was: 900ден.0денCurrent price is: 0ден. +18% ддв

Аудио творештво
Љупчо Димитровски, биографија
… Се прашуваш кој и од каде ? Еве.
Мојот пат започна на 10. 03. 1951. година во Скопје, Република Македонија. Дете на воено лице и домаќинка, со детство минато во Скопје, Тетово, Струмица… Учев во неколку основни училишта, а средно во гимназија Ѓорѓи Димитров, во Карпош-Скопје, каде и пораснав. Уживав во детсвото, особено со поезината уште во средношколските денови. Ја запознав Гордана од Орце, па започна новиот – заеднички живот, во Карпош, па во Козле, па во Аеродром, ….
Како дете у основно, а и средношколец, пеев во хорови (за жал не ме задржаа, а им бев прв глас – ми сместија да изгубам позиција ради врски на еден другар, па бидејќи тоа не го трпев – неправда ) – ги баталив. Плачеа по мене, ама џабе им беше.
Свирев и клавир. И во тоа уживав, ама вистински.
Е, по спорт не бев, али по дружби – ме памтат. Забављав народ секогаш. Па ме сакаа сите, и ко дете, и ко тинејџер, а и ко „стабилен“ муж.
Факултет ? Дај радио! Ми падна на бинго
Студирав на Економскиот факултет во Скопје-Економска политика и развој. Факултетот ми беше досаден, но пишувањето на поезија, проза, беше тоа во што уживав. И додека „студирав“, започнав да работам во Радио. Потоа Чеде Шопкиќ буквално ме влечеше од кабинет во кабинет на професорите на Економскиот, ми ги снимаше предавањата на касети за да ги учам слушајќи и завршив вишо, станав економист (никад у активен живот).
По хорот отидов на аудициjа во Радио Скопје. Ми правеа секакви проби, и…. ме спаси Бранко да не станам спикер. Ме прими во Спортска редакција. И ми падна бинго. Пошто им работев цели три години, дојде ред да ме пробаат ко спортски коментатор, заедно со Калински и Сипковски (млади таленти). Им се покажав најбољи спортски коментатор од прва, едно дваесетина минути дерби за испаѓање од Македонска фудбалска лига. Не ми текнува кои тимови играа, ама паметам дека ми се падна да коментирам тепачка и прекин на натпревар. Само што почнав со „Овде почна тепачка“, микрофонот ми го презеде Љупчо Стефковски и…така станав најбољи.
Убаво ми беше, се изнашетав по светов, стасав дури близу двесте километри до Северен пол, во Финска, во едно гратче никој од вас чуо никад-Пиексамаки (на финале на Европско клубско првенство во одбојка-со одбојкарите на „Вардар“, класа на Богоевски).
Петел
Ама пошо бев поет ( на Б. Давидовски ептен му се допадна една моја песна за петел, објавена во „Млад борец“, особено стихот „Петелот пееше со точки“ и стално го рецитираше; па ради тога ми накалемија без везе прекар Петел, а немам везе со галските петли), ме префрлија во Културна, па со ред во сите радиски редакции (само не надворешно-политичка).
Напрајв ептен радиска кариера и сам и колективно: преноси на Македонско радио од секакви настани и манифестации. Ги издвајам преносот од последниот конгрес на ЦК СКМ во Скопје и преносот од Кавадарци од погребот на првиот загинат македонски војник во војната за растурање на Југославија, Сашо Гешовски (од зад неговото гробно место; требаше да трае три минути, а морав да пренесувам 40 и кусур!; преносот е архивиран во светска радиска архива во Америка-така нешто).
Како урнебесџија (еден од авторите, водителите, пишувач на текстовите и уредник на Радио Урнебес), тимски организирав и реализирав мислам 70 приредби низ цела Македонија. Теравме со Драган, Бубо, Цале, Унџел, Саше, Љупчо, Владе, Ацика…
Симнав и ванземаљци у Карпош пред базенот
Да, и Интерпол преку радио дозна и пратија екипа да снима. Или беа странски новинари? Знам дека го заебавме „Ослобоѓење“ од Сараево, објавија вест на прва страница, а откако го дознаа штосот лично ми се заканија дека ќе ме тужат. А што беше тоа ? У петок вечер глеав ТВ, имаше некои вести дека у Русија демек фатиле ванземаљци. Се јавувам на Бубо и екипата у сабота сабајле им давам сценарио да праат фрка на радио. Се испоплашија ама прифатија. И ги водев 6 саата од преку телефон. Беше тоа голема збрка. Репортери на терен, новински агенции дигаат паника, директорот ми врти и се заканува со отказ и казни… А најбоље беше што се погоди параглајдери да летаат тој ден, па имаа запалено круг на пољаната за да знаат каде да слетаат. Случајно. Ама беше ептен потаман. И ќе се памти.
Е да, и рибарите беа најбоља публика. Збореа со жените преку радио.
А да, и Драган го будев секое сабајле за да почнеме тачно у 6. Пази – цела недела снимаме содржина, и идеме у живо у сабота од 6-9, на Втора на радио, па после од 9-15 иде преземање програма од Прва, а од 15 до 20 продужуеме ние.
Паноптикум
Е тука, распалив скроз. Ме памтат уште. Слушам, една женска по радијава се обидуе да ме имитира, ама џабе, не ѝ штима покрај викачиџиите. А Паноптикум имаше 2 термина со по 2 саата термин, со над 50 содржини од по 3 минути, и музика која Владе ја пакуваше у невидени миксеви. Сосе разговори со слушатели итн.
Медијатор
Једина ноќна програма со квиз. Имав слушаност врвна. Ја прекинав, па Бабиќ со екипата продужи на прва. Колку да се знае. Праев и други ноќни и утрински, водев и е мисија вести што ги почнуев со поезија (!)
25 часовен соло радио маратон
Има еден Игор кој се праеше паметен у КМР со маратон од 24 часа. Демек фраер сакаше да е. Па му покажав што е што. И постигнав Гинисов рекорд од 25 часа соло радио програма на Втора програма на Македонско радио – РТС 2. Види, тоа се викаше Паноптичен медијатор. Јадев 2 пати, не спиев 3 дена. И вредеше. Ама ете, тоа у вода го фрлија. Јас не! Горд сум на постигнатото. А тој И*** испеа една за трубата. Верувам сфати дека си отпеа за себе најбољи хит икада.
Селидба на РТС – МРТ од Нерези у Стојаница
Работев две години во Македонска телевизија како уредник на Контактната редакција. Го водев и го пренесов сигналот на МРТВ од Нерези во „Стојаница“ крај Вардар (така ја викаја кулата по директорот Стојан Димовски), ноќе пред и по полноќ и веднаш ме побараа да се преселам во Белград, да станам водител во РТС. Одбив од патриотски причини.
Ја у Белград?! Требаше !
Друг пат ќе ви раскажам ...
Има уште многу, ама ај сега ова:
Напрајв ептен голема кавга со Д. Масевски оти наводно сум сакал да му ја земам Забавната редакција, а тој сакаше да му бидам само сценарист и водител, и се вратив во радиото. Неколку месеци раководството на МРТВ не знаеше за мојата самопреселба. Јас не ги шишав односно мислев дека сѐ им е под контрола и нормално да знаат за тоа. Тие месеци не ми се пишани за пензија.
Необјавени повеќе од 100 книги!
Е, а создадени и необјавени ми се повеќе од 100. Е тие ги објавувам тука, и ќе ги спакувам само за тука. Со забрана за објава на сите. Зошто? Бидејќи на конкурсите каде некои новопечени издавачи се обидуваа да објават мое дело, ме одбиваа. И Венко и …навивале за мене. Ама ете, според високите критериуми на поранешната Република Македонија не сум бил подобен. А па, во новава РСМ (што и да значи), неќу да чујам книга да ми се објави! Па, така !
Сум коавтор (заедно со Милош Линдро и Данило Коцевски) на книжевниот манифест „На чекор од говорот“, објавен во списанието „Разгледи“ во 1980. година. Ќе го најдам и ќе го линкам за да си стои тука. Изгуглај за да провериш од какво важно значење е оваа творба за македонската книжевност.
Во книжевната периодика објавив поголем број критичко-есеистички текстови.
Пишувам и хумор и сатира. Како проект од јавен интерес (аудио издание), Советот за радиодифузија на Македонија (Агенција за медиуми) ми ја објави сатиричната серија во 10 епизоди LATENTIA HRONICUS- Однапред и одзади. Ќе ја објавам на сајтов па ќе ја чуеш.
Напишав и снимив дваесетина аудио проекти од јавен интерес, од кои секако најзначајни се: „Лирско ехо“, своевидни поетски приказни со поезија од истакнати македонски поети, „Авантура на опстојот“, авторска поезија во која интерпункцијата има посебна функција при сценски „приказ“, и „Јазикот е мојата татковина“- Македонска граматика (правила на стандардниот јазик, правопис и правоговор).
Сум бил… Па сум !
Бев 40 години професионален радио и телевизиски новинар и уредник во МРТВ и на ТВ „Алфа“ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио), како и во Радио Гром (Генерален менаџер, сопственик и новинар).
Студија за радио. Еј !
Напишав студија (кај и да е ќе ја објавам на блог) „Аспекти на модерното радио - радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот. Студија !
Е, а студијава ја одбија Европјаните (European Agency for Reconstruction), каде алицирав за кредит/грант за да направам мултимедијален центар. Па дозна еден Горан од еден Канал дека го имам тоа. И ми го украде, како што ми ја украде програмската шема на Радио Херц, по која, како што ми кажуваат, и ден денес работи тој национален канал. А со мојот проект-студија си изгради објект у Штип, и си јаде леб сосе екипата више од 20 години. Барем фала да ми кажеа! Ама ако !
Таа, студијата, за денешние радија (читај радио станици создадени од 1997 па до денес – 22.02.2020), па тоа е непотребно, небитно знаење е-пошто се канти кои тропаат музика и тресат временски прогнози, состојби на патиштата, вести у 1 минута пред сите, се праат светски музички диџеји, читаат од портали, зборат за гужвата у градот, и тако даље мајсторе. Има исклучоци, да. Ја знам само 1, ама не го кажувам! Цврц.
За мене тоа не се радија. Тоа се забављачи у кафич, дискотека, ко у Турист пред 30 години.
Направив и прв професионален новинарски блог (www.dimitrovski.net-беше тука, па сега www.panoptikum.mk/poenta) што прерасна во единствен писателско-новинарски и енциклопедиски македонски сајт „Паноптикум“ [ Паноптикум ]-продолжение на истоимената радио емисија.
Имам уште што да кажам за мене, ама боље до тука да е-доста е.
И да не беше син ми Горан у неговата 43-та, да ги праи сајтовиве, и да го испише ова за мене, и да ме тера да раскажувам за поминатото во мојов живот, ја не ќе го пишев ова, а ти не ќе дознаеше или па не ќе те потсетев. Ја вака не моом да се пишам.” (хаха)
E, ќе испуштев. Ја вероватно сум прв мозок на Фејсбук и у свет со над 10.000 мудрости.
И ова:
Мислам дека сум единствен книженик, на мое ниво сигурно, кој не добил ниедна и никаква книжевна награда, ниту имам некаков општествен, политички или општествено-политички статус. Поради што животов пензионерски и слободоумен ми е ептен олеснет. На жалост и на радост сечија не сум академик, а може ќе се сетат да ме напраат дур сум жив. (Не признаам отко ќе умрам.)
Све ова погоре за мене е минато, минат труд, кој денес е помножен со нула од сите, а бил признаен од врвни експерти. Ама, ако! Нека живеат.
Ти пиши во формуларов ако се сеќаваш на друго врзано со мене. Ќе ме потсетиш па ќе раскажеме уште нешто интересно за децава по нас.
Љупчо на www.panoptikum.mk
Бидува, 421-430
Рубрика: БИДУВА, двостишија421. Страсно семе Слободно и со љубовстрасно плодно семе. 422. Низ процеп Се обидува да продре зракниз процеп на стена…Омразата
Рубрика: ЖИВА МИСЛА, поетски романПрочита за суштината на омразата: Станува збор за чувство на интензивна одбивност спрема некого или нешто, а е најчесто поврзана…Лицемерието
Рубрика: ЖИВА МИСЛА, поетски романТеодор Вишен знае нервозно и со повишен глас да збори за прашања и проблеми на совремиево кои се чини дека…Неправда
Рубрика: ЖИВА МИСЛА, поетски романНикогаш не ги броел, ниту ги мерел неправдите кои му ги нанесувал не животот, туку директно или индиректно му ги…Спокој на природа
Рубрика: ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, поетска студијаГледам во недоглед студ,слушам во тишина молк;гледам ден без ноќнедооден,слушам ноќ без денпреуморна. Не е од мене,од никого не еовој…Он снеможува
Рубрика: ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, поетска студијаНајчесто снеможувал,најмногу снеможуваод ветришта кои дуваатбез престан во светво кој оставил трагина свои воздиви;обидувајќи се залуднода ги обессилиуште пред да…Думање на голем и мал човек, XXVII, 1-152
Рубрика: ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVII1. Нека е твојот последен чекор стамен и на крајот на чекорењето напред. 2. Со него да се почне пак?!…Дамна
Рубрика: ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, поетска студијаПод студен камен легна сенкабез свој човек дамна,та почина оти немаше комуда му ги раскаже и прераскажесвоите приклученија до смртта;притоа…Рецензија
Рубрика: ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕОпштопознато за рецензијата: Таа е критичка оценка на вредноста на научно или уметничко дело. Се дава во писмена форма пред…И покрај сè
Рубрика: ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ1. И покрај сè, дозволивме и беспоговорно дозволуваме да нè обземат баналното секојдневје и конзумеризмот, ниското просечно ниво на самосвесност,…Победа или пораз на избори?
Рубрика: ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕНиту учесниците на какви било избори во Македонија-партиите и коалициите, понекој независен кандидат и гласачите, ниту експертите и аналитичарите за…За одблизу и оддалеку
Рубрика: МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ-Има за гледање, слушање и воспримање одблизу, а има и за оддалеку. -Секако дека има. За некои за одблизу повеќе,…Во непозната тишина
Рубрика: МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ-Од кога ли и како се најдовме во оваа непозната тишина? -Немам поим. Во блиското и далечното минато надминавме многу…Победите
Рубрика: МОЛКНАТИ ДИЈАЛОЗИ-Зошто само за победите во животот? Зошто не и поразите? Барем помеѓу нив? -Ти и за поразите кога е збор…Народски изреки, 953-1.000
Рубрика: НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VII953. Не се докажуаш оти немаш достатно зборој наместо. 954. Учен је на домаќинлак уште од дете, да не знај…Суштини, 36-42
Рубрика: СУШТИНИ, зборопој36. Паѓање Се паѓа долгоПаѓаш ли паѓашНе знаеш од когаТочно паѓаш. Никако да стасашНа дноПо кое немаКон каде до кадеДа…Суштини, 36-42
Рубрика: СУШТИНИ, зборопој36. Паѓање Се паѓа долгоПаѓаш ли паѓашНе знаеш од когаТочно паѓаш. Никако да стасашНа дноПо кое немаКон каде до кадеДа…Суштини, 29-35
Рубрика: СУШТИНИ, зборопој29. Предизвик Еден предизвикПо многу што билеОд дамнина до сегаКако најголем прв Што не е последен. СоочувањеИли отстапувањеМожеби противење. А…Суштини, 22-28
Рубрика: СУШТИНИ, зборопој22. Голина Се распострелаГолинаОд нигде до негдеПред очи заскитаниВо празна тишина. Којзнае од когаЕ нежива ко живаРаспрострелана. Голина близуГолина далеку.…Му се случува
Рубрика: ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕКонечно разбра и може да тврди аргументирано: нему одамна му се случува најмногу, му се случило најмалку и има сè…
