fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

Суштини, 22-28

Суштини

22. Голина

Се распострела
Голина
Од нигде до негде
Пред очи заскитани
Во празна тишина.

Којзнае од кога
Е нежива ко жива
Распрострелана.

Голина близу
Голина далеку.

23. Нижење

Се нижи мака
На стари луѓе
Со коски кои
Се збираат
За умирачка.

Конецо се кине
Па се врзува
Во јазли
Па е сè повеќе
Јазлест.

А и иглата
Веќе отапела
Од долго
Нижење мака.

24. Прсти

Ту си ги збира
Прстите
Ту си ги витка
Човек.

Ту си ги крши
Во таен молк.

Ту збори
со прсти.

25. Вез

Навезе везилка
Вез на радост
На рожба своја
Далечна.

Вез јадовен
Дека го везела
Дури била жива.

26. Без

Без ова сега
без она сега
За без ништо
Некогаш.

Без последен човек  
Без пустина
Без ветар.

Без оган што тлее
Во корен.

27. Ризикарна

Она е ризикарна
Конечно
Зашто знае
Дека ризикарна
Има зошто
Да се надева
Дека ќе биде
Ризикарна
Откако ќе успее
Да се престори
Во птица
Што знае да лета.

Прочитај и за ... >>  Народ

28. Лагодно

Лагодно лагодно
Само лагодно
За лагодност дека
Веќе се лагодни
Сите лагодно
Живи.

Се лагодат
Во лагодност
Лагодно будни.

СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија, 22-28

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.