fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

Суштини, 29-35

Суштини

29. Предизвик

Еден предизвик
По многу што биле
Од дамнина до сега
Како најголем прв  
Што не е последен.

Соочување
Или отстапување
Можеби противење.

А што во него
А што со него
Рамнодушно.

30. На покрив

На покрив е
За да затвори
Дупка во него
Од облак и молња
Направена.

Пробиен покрив
Низ кој влегува
Сè
Што се случува
И може допрва
Да се случи
На небо.

31. Нож

Во спокојни раце
Нож со сечиво
Што собира зраци
Светлина.

Нож спокоен дека
Нема да се случи
Крвава рана
во немирен сон
Или во сурова
Стварност.

32. Тече река

Дека е река
Тече река
Од далеку
Многу подалеку
Предалеку.

Има брегови
Камени
Кои не ѝ даваат
Да се излее
Од свое корито
Да поплави сè
Па
Да си направи
Ново.

Немоќен е човек
Пред факт дека
Е река.

Тече река.

33. Студ

Им навлегол студ
Во коски сè до
Нивната срцевина.

Прочитај и за ... >>  Мои народски изреки VI, 174-296

Очигледно
Ќе остане долго
Во нив.

Можеби до смрт
нивна.

Мора да ги движи
Да ги буди
Да не измрзнат.

34. Умност

Нема умност
Некој што мисли
оти може нешто
Против
Веќе направен
Лавиринт
Во кој никој
Нема потреба
Да живее.

Што значи дека
Нема зошто
Да излезе од него.

35. Верба

Верба има некој
Што верува
Во нешто кое
Е не за еден
А за многу
За верување.

Верба нема
Никој или секој
Што се сомнева
Дека вербата
Сама по себе
Може исто
Како да не може.

Да оди сам кон
Неизвесен крај.

СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија, 29-35

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.