Ненадејно се најде
во чудна далечина
без близок почеток
и далечен крај
без смисла за содржина
и содржина со смисла.
Не му заличи на ниедна
во која бил досега
од која излегол некогаш
кон која се упатувал
со цел или бесцелно.
Како да не е еден
од неговите хоризонти
и не е
да е прв или последен
и е. Од гледната точка
на која моментно
се наоѓа премален
од некаде сè до никаде
блиската далечина
исто го привлекува
исто го оддалечува
додека чувствува
како се буди и заспива
во својот
внатрешен свет.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 58




