77. За грешките во животот
Ближен:
-Направи многу големи грешки во животот.
Јас обичен смртник:
-Да, многу големи. Со многу тешки последици. Непоправливи. Ама не вреди да се навраќам на нив. Бесполезно е…Нема кој не направил. Исти, поголеми, помали…Ти не направи?
Тој:
-Направив, ама не поголеми од твоите.
Јас обичен смртник:
-Тоа според тебе. А според други, според твои блиски, според оној со кого си бил притоа или со кого си ги направил…
Тој:
-Не вреди да се навраќам…Да ми беше овој ум…
Јас обичен смртник:
-Е, тоа е тоа. Да сме биле со сегашниве умови…
По малку му се лутам на ближниот. Не му е првпат.