БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Јас обичен смртник

Имам некое чудно задоволство да сум меѓу луѓе сосема непознат и со ништо забележлив. Мислам дека и свесно успевам во тоа. Имено, ретки се оние што ме виделе, ме сретнале, ме забележале на разминување. Многумина сигурно не знаат ни како изгледам на овие мои години. Меѓу нив и многумина ближни. Секојдневно сум, се слушам и се гледам само со членовите на моето најтесно семејство.

Кога ќе ме види или слушне некој, прво ме прашува: „А бе, жив ли си?“, а јас со насмевка му одговарам со прашање: „Ти што мислиш?“. А на оние што не ми биле, ниту ми се пријатели и знам дека ме прашуваат зашто ме сметаат за одамна мртов: „За тебе може мртов“.

Сакам да заминам од животов тивко и незабележливо. Да не се знае долго дека сум починал. Во меѓувреме. Ако може, никогаш да не се дознае. Знам дека не може, ама знам дека може да не се обележи местото каде што (ќе) почивам.

Затоа што Јас обичен смртник сум имал, имам и се надевам дека уште ќе имам колку свое, толку заедничко време со Јас книжевник. Во мене и надвор од мене.

Времиња во дела.

Leave the first comment