Бидува, 411-420

Потребно време за читање: < 1 минута

411. Побратими

Двајца побратими
во слободна игра.

412. Обврска

Он презеде обврска
да преживее за друг.

413. Потомок

Конечно е само негово
неговото дојдено време.

414. Што правиш

Дали го правиш ти
тоа што го правиш?

415. Расположба

Пред и по проблеми
за какви-годе исходи.

416. Како песна

Не била песна
кога не се пее.

417. Знаење

Знам кога не знам
колку треба да знам.

418. Релативно

Со тебе исто
исто во мене.

419. Клима

Страдни времиња
за долги прилагодби.

420. Мурал

Жив ѕид со луѓе
во жива природа.

БИДУВА, поезија/двостишија