Бидува, 391-400

Бидува

391. Моментно

Се случува нешто за
некако да се случи.

392. Ништо важно

Во некои рани утра
изгреви како залези.

393. Деца

Големи деца
без ближни.

394. Збирштина

Што сè не се собрало
за фрлање на буниште.

395. За друго

Мораме за друго
да бидеме заедно.

396. Во бучава

Се слуша бучава наоколу,
а ти дамна страден за сон.

397. Патардија

Што е оваа патардија
меѓу бездомни луѓе?

398. Кланец

Стоиме пред длабок кланец
со пенливи и звучни брзаци.

399. Огрдена

Им огрде наеднаш
изнемоштена млада.

400. Јаловење

Се јалови забрзано
од сите заборавено.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.