Бидува, 371-380

Бидува

371. Нова виделина

Пред мене јарка виделина
од некое дамнешно време.

372. Ек

Јас во ек
далечен.

373. Трагика во слика

Откривам трагика во слика
со насликана гола убавина.

374. Бран

Се брани мал бран
од големи бранови.

375. За жал

Тргнав навреме кон тебе,
но не успеав да ти дојдам.

376. Јаглики

За тебе јаглики
од цветна долина.

377. Гламносан

Се сторил гламносан
откога нема никој свој.

378. Ненадеен уплав

Некој ненадеен уплав
од невреме што иде.

379. Ризање

Он сè уште риза
стар и снеможен.

380. Заарнети

Се заарниле двајца
за ново патешествие.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.