Бидува, 351-360

Бидува

351. Без престан

Дува, без престан дува
некој проклет вестител.

352. Убава жена

Знам убава жена,
светлина во мрак.

353. Неверници

Смртта ним им е
цел минлив живот.

354. Паметење

Некогаш сме биле
и страсни и нежни.

355. Цвет

Во цветна градина
мој цвет од памтивек.

356. Камен до камен

Ни драгоцено каменче
во дожд од камено небо.

357. Пеперуга

Непозната пепруга
танцува со мене.

358. Патешествие

Немо патешествие
од многу во беспаќе.

359. Најава

Ти најавувам дека јас
скоро ќе бидам негде.

360. Кога никој не слуша

Збори, збори ти
дури ти се збори.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.