Бидува, 311-320

Бидува

311. Гледач

Пред тебе
се гледаш.

312. Спремен

Сега да тргнеш напред
зашто веќе нема досега.

313. Тркало

Се тркала тркало
удолу нескршливо.

314. Нова руба

Облекла нова руба
со сончеви зраци.

315. Рид

Се извишил рид над
скоро умрен град.

316. Ситост

Му е одјадено сè
од горчлива ситост.

317. Многу малку

Никој не слути дека допрва
ќе биде сешто многу малку.

318. Друштво

Се собрало избрано друштво
за нова делба пред разделба.

319. Мрачна одаја

Кој влегол во одајава прво
се прашал зошто е мрачна.

320. Стигна

Сепак стигна навреме
на крајот на животот.

БИДУВА, поезија/двостишија, 311-320

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.