291. Дно
Колку ли е длабоко,
мрачно, непојмливо.
292. Сушина
Сè изгоре на
жешково сонце.
293. Уште
Не до кога, не до каде,
а уште колку без тебе.
294. На мегдан
Од сегде на мегдан
јаки луѓе во заборав.
295. Капец
Не ни е верно дека пред нас
е највисок е неискачен капец.
296. Фикција
Замислувам свет во кој
сите летаат слободно.
297. Како песна
Пеат песна која
ја пееле некогаш.
298. Цибрина
Фатила цибрина
сегде под голо небо.
299. Вивна оган
Веќе нема кој да го угасне
огнот што вивна во облаци.
300. Чинка
Една чинка од некого
зацрнила живот и љубов.
БИДУВА, поезија/двостишија