Бидува, 281-290

Потребно време за читање: < 1 минута

291. Долго

Вие долго и тие долго
на пат едни крај други.

282. Подножје

Пред нас стрмна планина,
од нас досега неизречлива.

283. Бранлива радост

Ту немир, ту рамнодушност
меѓу две игри безгрижни.

284. Стари дрвја

Дрвја дамнешни, уште стамени
ги испреплетиле своите корени.

285. Мрачна одаја

Одаја со земјен под
камена, без проѕирка.

286. Последична болка

Болка во миг
на воздишка.

287. Сè видно

Добро што е сè видно
пред чекор уште жив.

288. Јадрено

Јадрено се враќа
совреме во јадро.

289. Крајезерска тишина

Ниту ветар, ниту бран
без ниту збор за љубов.

290. Пеза

Се бие пеза со човек
кому не му е до пеза.

БИДУВА, поезија/двостишија