241. Снага
Снага премалена
стои исправена.
242. Среде жештина
Врне дожд среде жештина,
а ни капка земја да натопи.
243. Шегач
Се шегува
мртов ладен.
244. Оро
Играат оро стари гајлелии
и млади безволно насмеани.
245. Дигноглав
Не гледа ко му е сеедно
што никој не му приоѓа.
246. Сматна далечина
Оди кон сматна далечина,
но што ако е она близина?
247. Слики
Слики на мртви
во мртва природа.
248. Макар еднаш
Нека се случи, а ние
после ќе се случиме.
249. Фидан
Расте фидан сам
на гола планина.
250. Жеден
Он е жеден
за свој свет.
БИДУВА, поезија/двостишија