Бидува, 231-240

Бидува

231. Порта

Отвора порта стара
за патник низ светот.

232. Пеплосана планина

Согорена и безводна планина
под мрачно безживотно небо.

233. Пусто сè

Опустошил сè по себе
човек без денови и ноќи.

234. Под земја

Длабоко под земја
корен без светлина.

235. Никому

Им оставил свој живот
на одвеани од ветриште.

236. За ништо

Создал дело за ништо
да не се памети од него.

237. Едвај

Дојде до бистра река
и се струполи крај неа.

238. Врелина

Не се дише на врелинава,
камо ли нешто да заживее.

239. Разнежени

Се гледаат, се допираат,
се гушкаат, се вљубуваат.

240. Каков било крај

Веќе им е сеедно на луѓево
до кога ќе биде нивниот свет.  

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.