221. Во себе
Некој во себе се има
сал себеси за близок.
222. Следам
Чекор пред мене
како нечија трага.
223. Овде сме
Не одиме нигде
зашто сме наши.
224. Сила
Собрал нова сила
за сила последна.
225. Наши години
Минале и минуваат
години од нас далеку.
226. Замисла
Темелов не е за градба
која ќе брани слобода.
227. Искра
Искри за да фрли искра
што ќе заживее нов оган.
228. Ковање
Се кове стварност
сосе нова заумност.
229. Мрее
Он одамна мрее
во мразен молк.
230. Уважен
Секој пред него
е далеку од него.
БИДУВА, поезија/двостишија