Бидува, 211-220

Бидува

211. Во паметење

Секако постои
моја бистра река.

212. Дарба

Во мисла збирам
векови жизнени.

213. На небо

Се случува на небо
да се сплотат облаци.

214. Цвет

Во градина цвета
цвет што не венее.

215. По мене

Трнлив пат води
без мене до извор.

216. Преживување

Од будење до сон
премалена снага.

217. Меѓник

Меѓу неми зборови
грижа, болка и студ.

218. Скришен

Извиваш песна
со глас разделбен.

219. Пикасување

Пикаса зрачен немир
во продорен поглед.

220. Божество

Заживува божество
изделкано во камен.   

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.