451. Еве не знам!
Дали со членство во ЕУ мала, сиромашна, а духовно, културно и творечки богата земја, добива нешто друго освен слободен пазар (најмногу на трудот), кредити, грантови, валкана индустрија и застарена технологија?
Што се тоа „европски вредности“?
452. Самоуништување на човечката цивилизација:
И животот и смртта со сè пониска цена. Речиси безвредни.
453. Несомнено!
Само мудроста и делата обединуваат.
454. И по смртта Јас ќе бидам Јас!
455. Возвишен:
Не ме гледаш, ама го слушаш и го чувствуваш мојот слободен громовит глас.
456. Предводник во одбрана на македонството:
Со сонце на штитот, сончев зрак на сечивото на мечот и блесок на мудра мисла.
457. Со здравје, спокој, мир, љубов, бистар ум и дело во секој нов животворен миг.
458. Во Гоцева Македонија блескоти македонството.
459. Македонските членови во Бугарско-македонската „историска“ комисија немаат ни лично достоинство, а камо ли македонско родољубие.
460. Во Гоцева Македонија нема ни место ни време за душмани и предавници на македонскиот народ.
461. Срам неизмерен сте за вашите предци и потомци, вие туѓински платеници, предавнички властодршци и нивни измеќари.
462. Револуција:
Огнени молњи со громови екотни на сите страни на светот, на небо ширно и на земја исконска.
463. За мене Интернет е простор и време за обединување на сиот слободарски свет. Со знаења, мудрости и дела.
464. Македонството-исконско македонско родољубие.
465. Гоцева Македонија е во срцето и мислата на секој родољубив Македонец и на секоја родољубива Македонка. Каде било да се.
466. И во свет со граници и во свет без нив нераскинливо духовно обединување на народ.
467. Со стамен чекор кон крајна животна цел.
468. Невозможно е добрососедство со асимилаторско-окупаторски и наци-фашистички сосед. Кој катаден ги искажува своите завојувачки стремежи.
469. Се гордеам со делата што сум ги создал и ги создавам. Дека сум во нив единствен и непореклив.
470. Животворен додека дишам.
471. Сал една непорочна љубов во моето срце, во мојата душа и во мојата мисла.
472. Две имиња, со еднакво и полноважно значење, на државата на македонскиот народ и малцинствата што живеат во неа: ГОЦЕВА МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКА РЕПУБЛИКА.
473. Ништо не ми значи дека не сакаш да си ми добар сосед. Твој проблем. Само жалам што си ми неминовен.
474. Секогаш кога можеме:
Што поблизу до убавини, што подалеку од грдости во животот.
475. Имам свој свет во кој никој не може да влезе.
476. Има многу гнило и неизлечиво на Запад: од неморал до нечовечност, од потрошувачки до безвреден живот, од залудна до невина смрт.
477. За секој би требало да е трагично да не знае, да не сака да знае или да одбива нешто одамна знајно.
478. Тешко на држава со неписмени и полуписмени политиканти на власт.
479. Врските и меѓузависноста на голема и мали слики исчезнуваат штом ќе заврши создавањето на голема. 480. Не можат со мене зашто не сум им близок.
480. Не можат со мене зашто не сум им близок.