АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 811-840

Потребно време за читање: 2 минути

811. Нужни се поинакво разбирање на демократијата, нова организација на човечката заедница и ново демократско устројство на државата!
Тоа подразбира:
Рамносилност меѓу индивидуалните и колективните слободи, обврски, одговорности и права, како и безгранична слобода на мислата и творечкиот дух на секој човек.

812. Драгоцено е животното искуство на мудрец и творец.

813. Слуганството им е во природата на човечките суштества без достоинство.

814. На крајот од мојот пат-почетоци на патишта на блиски и знајни, далечни и незнајни луѓе.

815. Ми се гади од меѓуетнички делби во мултиетничко општество, а на урнатини на држава на народ и малцинства да се формира мултиетничка држава.

816. Најголем, а непризнаен, а малку знаен. И недогледлив и несогледлив. Бил до вчера жив.

817. Лично и колективно бесрамие:
Без ни јота личен срам, властољубец во бесрамна власт!

818. Моето дело и без мене продолжува да живее. И покрај негирањето, непризнавањето и сè друго.

819. Од денес до утре многу време, многу животи и саможртвување.

820. И натаму дозволуваме невидена кражба на народот и доуништување на неговата држава од политиканти на власт!

821. Што подалеку од мене, ако не сакаш да ги споделуваме вредностите на животот и соживотот.

822. ЕУ „се сомнева“ дека со договорот со „Бехтел и Енка“, за изградба на коридорите, северџганската власт на ДУИ и СДСМ е против европска Македонија!

823. Едни најблиски заминаа, па други блиски заминаа, па трети не баш блиски заминаа, па далечни заминаа, па јас заминав, па…

824. Дребен и премален старец, никому потребен, оставил големо дело за во заборав и исчезнал незнајно каде.

825. Ќе ме бараш мене, а да не знаеш зошто.

826. Ти даваме доверба за да ги решаваш нашите проблеми, а не да ни правиш нови.

827. Те учев на она што го знам, а отсега учи сам.

828. Заминувам со крената глава, а ти остани кај што си со наведена.

829. Не познавам човек кој никому не му должи ништо. Ако не на друг, секако му должи на својот живот.

830. Нечовечки е да го барате човекот што веќе го нема, а кога бил не ви требал или сте го одбегнувале.

831. Човекот исчезна зашто веќе никому не му треба човек како него.

832. -Каде си ти?
-А каде можам да бидам ако не сум овде?!

833. Далечна, недостижна, недофатна светлина во длабока мрачнина.

834. Неизбришлива е трагата што зад себе ја оставил творец пред замин.

835. Суво корито на бистра река меѓу надојдени матни.

836. Сум бил во животот и сум го минал. Создавајќи мој свет во нашиот.

837. Ќе го открие светот моето создадено дело? Зошто?!

838. Предоцна за тебе да дознаеш за мене, моја таена љуб ов.

839. Побарај ме во твоите спомени. Можеби уште ме има таму.

840. Генијалноста на една личност се докажува со апсолутна посветеност, а таа, пак, со создавање грандиоозно дело.