257-451

257. Ебати државата во која пратеници и други властодршци, божем избрани од народот, во еден мандат „заработуваат“ стотици илјади, па и милиони евра.
А творци и интелектуалци едвај преживуваат од ден до ден или од месец до месец.

258. Без секого се може, без некого се мора.

259. На Запад сегде гнилеж, сè гние, а ние слепо со него.

260. Неизмерна и нескротлива творечка енергија. До последен издив.

261. Не знам што е, зошто е, а ни како е, па си молчам.

262. Некому не му е верно моето грандиозно творештво, особено дека е единствено на светогт според обемот и разновидноста!?
Па тоа е лесно да се провери. Ако се сака.

263. Сум за, но не за имитација со импровизација.

264. Насетувам дека се случува нешто во тебе или во твојот семеен круг. Не ми кажуваш што, па не можам никако да ти помогнам.

265. Држава не е за да не плаќа, а да наплаќа, туку за да овозможи купување и продавање за да има.

266. Не проширувај што е просто.

267. Прав политичар е пример за углед и примерно поведение во сè и за сите.

268. Нема демократија со партии на власт. Со партии на власт има партократија.

269. Се расветлува случај што се криел во мрак од јавноста.

270. Толку е заплеткано, што нема кој знае да го отплетка.

271. Предоцна предлагаш како. Кога веќе не можеш поинаку.

272. Не се знае колку си украл затоа што краделе сите со тебе и околу тебе.

273. Борба докрај против зло кое не смее да продолжи.

274. Жестоко значи решително и без одлагање. Промислено, се разбира.

275. Ако не сакам, не сакам. Тоа и ништо друго.

276. Низ многу кризи како совладливи болештини.

277. На близок сè повеќе му фали близост.

278. Верувам, не се сомневам, се надевам. Што ми фали?

279. Љубовта открива многу молчешкум.

280. Сè помалку имам време за повеќе.

281. Длабок воздив меѓу два сомнежа.

282. Не оди сосила кога не оди ни напред ни назад.

283. Ништо од нас и за нас додека на политичарите прво им е богатењето.

284. Не може, ама би било добро, ма најдобро кога на власт би биле творци, а не политиканти.

285. Силно ветриште развеало валкана облека на сите страни.

286. Творец со творци, политикант и мафијаш со мафијаши.

287. Ви стојам пред очи, а вие не ме догледувате зашто стојам.

288. Најголемата риба треба да ја чистиш од главата, а помалите и малите од кај ќе стигнеш. Се чистат и сами.

289. Меѓу богати и сиромашни-морални.

290. Не почитуваш зашто не знаеш, ниту разбираш, а може и да не ти одговара.

291. Се менуваат времето и просторот, а ние уште не знаеме што сакаме.

292. Предолго преживуваш, па веќе ти е сеедно до кога.

293. Само единствената љубов е неискажлива.

294. Не треба да ми докажуваш дека можеш без мене. Одамна си.

295. Сосе нас и нашето минато во неврат.

296. Нема лична слобода човек повлечен во себе. Заробен е од сомнежи и неизвесности.

297. Сѐ се менува толку брзо, што човек не ни забележува дека он не е од вчера.

298. Времињата се менуваат, а и ние како луѓе. Неприродно е поинаку.

299. Се трошиме за докажување вредности, наместо за нивно прифаќање, признавање и величење.

300. Невозможно е човек да е ист од пред многу години. Се менува менувајќи ставови за животот, најпрвин поради нови сознанија, нови откритија и нови развојни процеси.

301. Никого не убедувам зашто тоа мене не ми треба. Само изнесувам свои аргументирани гледишта.

302. Повторуваш зашто оние пред тебе заборавиле, па не ти пренеле ништо. Ни барем како искуство.

303. Најпоразително за тебе што излегува на виделина нешто што си мислел дека си успеал да го сокриеш за сите времиња.

304. Голем е не недостижен за мали, туку за секој што не прави или не создава ништо автентично.

305. Од како сега најмногу што отсега.

306. Ни здравје без права љубов.

307. Секогаш има начин како да се надгради дамна или скоро соградено.

308. Ден по ден, ноќ по ноќ, па во миг крај.

309. Се мисли, се сони и се живее љубов неизмерна.

310. Младоста и искуството ги поврзува зрелост.

311. Не влегувај во лавиринт што ти го попречил патот. Тој е негов крај.

312. Без нас нашите животи не се ни какви што сме сакале ни какви што сакаме да бидат.

313. Од мене понешто секому или некому.

314. Траење меѓу веќе никогаш и засекогаш.

Прочитај и за ... >>  1-256

315. Може да пфреживееш, но не како што живееш.

316. Со исти исто вака или онака.

317. Во време на творечки дух:
Мисла-промисла-дејствие-дело.

318. Во брзаница сѐ поголема импровизација.

319. Бришеш време со заборав.

320. Многу не било, а требало да биде совреме.

321. Секој во својот живот има минати години на самодокажување.

322. Многу си голем и снажен штом растеш на стари години.

323. Траги во години борба за опстанок и потврда на личен идентитет.

324. Секогаш многу зборови во долг молк.

325. Скраја од ништожен, пакосен и злостен човек.

326. Твоето минато откриено, сознаено и докажано во твојата сегашност.

327. Не си во ова време штом не си за него што си.

328. Не ме одминувај со наведната глава.

329. Некој си меѓу некои.

330. Ниедна љубов една меѓу многу.

331. Творечката енергија на голем творец е колку несопирлива, толку неповторлива.

332. Игрите на малите и големите деца се преплетуваат и дополнуваат.

333. Јас еден по мене.

334. Ако ти било добро, може да ти биде пак.

335. До последен на свое за сите.

336. Ти недостасува, а знаеш дека ни се враќа ни се повторува.

337. Прави сѐ за твое и наше добро денес. Утре некој ќе се сеќава на тебе.

338. Нема пак зашто било совршено како врвно.

339. Само вредности за трајно постоење.

340. Сѐ најмногу зависи од смислата на животот.

341. Сега си за да бидеш или не утре, може и задутре.

342. Блиски со различни од нас.

343. Ништо на штета на оној што со ништо не ти наштетува.

344. Никако со љубов без љубов што била некогаш љубов.

345. Секогаш му требаш на оној кому му припаѓаш.

346. Сѐ лошо ќе ти се врати полошо.

347. Предводиш зашто гледаш подалеку од што се гледа.

348. Се свиткал под товар од кој не знае како да се ослободи.

349. Нема ништо еднаш засекогаш во ниедно време.

350. Не се стои цврсто во место.

351. Само за себе живееш во себе.

352. Вистината по нас сама се открива.

353. Од мене секој ден:
-20-30 афоризми и други јадровизми;
-3-4 песни, раскази и/или поглавја од романи во создавање;
2-3 енциклопедиски одредници-белешки, записи и куси есеи за сенешто.
Малку или многу?

354.Не знам како би можел, но сакам да ти помогнам да се надминеш себеси.

355. Чувствувам дека има нешто меѓу нас, но не доумувам што.

356. Светот е соочен со своето постоење утре. Дека силни и моќни го менуваат забрзано.

357. Ајде минатото зад нас, а ние сега за отсега.

358. Ако не чинело и не чини, нема ни да чини.

359. Не решаваш проблем сам, а нема кој да ти помогне.

360. Имам што да кажам за нешто од она што било, но не знам зошто.

361. Мир со вас, мои спомени.

362. Не ти вреди што се сомневаш, штом не дејствуваш.

363. Ви гори под нозе, а кругот ви е се потесен.

364. Не ме допира навреда на инфериорен и злостен.

365. Силата на мојата љубов е непобедлива. Не се обидувај да и се спротивставиш.

366. И мигот во кој сме заедно е траење.

367. Да ни се случуваат што помалку непредвидливи случувања.

368. Не заслужуваш да се познаваме.

369. Знам за тебе многу што не сакам да знам.

370. Ќе биде како што намислиле, затоа што свои на власт си наместиле.

371. Валкана политика на политиканти како политичари.

372. Од сложеноста зависат времето и времетраењето.

373. Брзо поначесто значи предвреме, отколку совреме.

374. Добро е да ти значат повеќе одошто да им значиш.

375. Од едноличност малодушност и безволност.

376. Секој со своја самобитност за заедно.

377. Натаму секогаш уште подалеку.

378. Од дувло се повеќе дувла. Едно од друго поголемо и потајно.

379. Живи соништа во жив живот.

380. Кога е изборот твој, тој мора да биде без никакво сомнение.

381. Љубовта трае додека е љубов. Потоа продолжува каква што била или можела да биде.

382. Може да биде додека е.

383. Уште многу, уште доста и уште малку докрај.

384. Спокој пред се друго крај домашно огниште.

385. Никој не знае кога до кога, каде од каде и колку доколку. Штом е се како што е.

386. Различностите се за сплотување и заедништво.

387. Со мене барем некое време.

388. Игрите веќе се играат, а ние уште не сме ги научиле.

389. Јас сум љубов за љубов.

390. Никому не му должам, а многумина задолжив.

391.Сакаме и можеме зашто не мораме.

Прочитај и за ... >>  VII, 953-1.000

392. Изгоре или те изгореа. Веќе не си за горење.

393. Несетна, а забрзана смрт на дребнав човек . Кој некогаш бил и силен и моќен.

394. Запрев дамнешно време во кое бевме заедно одвреме-навреме.

395. Во премален и обессилен неизмерна творечка енергија.

386. Кој и што си бил, паметат уште оние што биле со тебе.

397. Постоиш дури работиш и создаваш. До смрт.

398. Неповторливо-единствено, автентично, вонвременско.

399. Длабока мисла трајна.

400. Во мирна живеачка сѐ побезначајно материјалното, а сѐ повредно духовното богатство.

401. Рожбите природно сѐ подалечни зашто живеат свои животи.

402. Сѐ убаво и радосно за здравје.

403. Знае да разболи неизлечиво љубов оставена без љубов.

404. Предоцна и неутешно се обидуваш да ја поразиш злобата во тебе насочена кон недостижен од тебе.

405. Од ништожен ништо за други.

406. Сам напред осамен, со малкумина во место, неброени назад.

407. Јас творец
Од мене секој ден:
-20-30 афоризми и други јадровизми;
-3-4 песни, раскази и/или поглавја од романи во создавање;
2-3 енциклопедиски одредници-белешки, записи и куси есеи за сенешто.
Малку или многу?

408. Сум сериозно несериозен:
Две мои капитални-грандиозни книжевни дела за најголема светска награда (може и Нобеловата):
-„Создател во изгревна и залезна година“-поетска студија составена од 12 поврзани и самостојни студии (со над 1. 300 песни и врзовни ткива);
-„Опстанувачкиа јава“-за идентитетскиот опстанок, пенталогија (5 тематски поврзани романи кои се и самостојни).

409. Моето дело не за сечие, туку за наше време.

410. Можеш сега да си одговориш дали ќе бидам со тебе кога ќе ме нема.

411. Да се сеќаваш на оние нешта што нѐ облагородиле.

412. Човек во години со богато минато и сѐ посиромашна сегашност.

413. Загрижен сум за невремето во тебе.

414. Многу нешта од мене досега, сега и отсега до којзнае кога. Како човек и творец.

415. Жално и трагично е кога не сме кадарни да препознаваме меѓу нас наш човек со неизмерна творечка енергија.

416. Ако е сѐ твое и сѐ по твое, тогаш никој не ти треба. А по време ќе станеш и сам на себеси излишен.

417. Добар и лош меѓу луѓе што ги познаваат.

418. Само да не се случува нешто со големи и долготрајни трагични последици.

419. Неизмерна радост на средба со драга и сакана личност по многу години близу, а далеку еден од друг.

420. Се менува светот во твојот круг, а ти му се прилагодуваш сѐ потешко и побавно.

421. Секогаш недоволно кога е многу.

422. Неподносливи глупости на празноглав политикант.

423. Нека биде по твое, но без нас.

424. Се исправа грешка и се поправа расипано доколку е за добробит.

425. Вредноста возвраќа кога навреме се открива, осознава и поддржува секако.

426. Љубов голема пред или по неброено мали.

427. Многу недоречено меѓу нас и за нас во нас.

428. Очите секогаш кажуваат повеќе од устата и телото.

429. Не брзаш само кога се натпреваруваш со себеси.

430. Не можеш да согледаш колку губиш додека се трудиш да имаш што повеќе.

431. Најголемо и најдолго трпение на сиромашен од зависност.

432. Искрен си, та не си претпазлив.

433. Годините ми велат батали сѐ, а јас им велам уште не.

434. Те премолчуваат затоа што молчиш.

435. Гори свеста за сопствената лажна големина.

436. Непорекливо единствено со факти и аргументи.

437. Сѐ подолги мигови во снеможена старост.

438. Трчаш во круг за кој не знаеш дека ти е последен.

439. Јас не добив, а ти изгуби.

440. Болна средба пред конечна разделба.

441. Не ме препознаваш, значи не се познаваме.

442. Демне смрт на чекор пред понор.

443. Недофатна голема љубов во спомени.

444. Надвор игриво сонце, а во тебе мачна мрачнина.

445. Извонредни коментари за моите два нови романа во настанување „Пред исчезнување (Можеби замолк од зборови и слики)“ и „Жива мисла“ (мислечко-поетичен роман).
Најчесто употребен збор:
Феноменално (ретко, сосем необично).

446. Самосвесно и рамнодушно:
Тоа што не сум член на МАНУ е проблем на МАНУ. Не мој.
(Го нема во своите редови мислителот и книжевникот со најголемо и најразновидно творештво на светот!)
Како што се проблем на македонската книжевност и култура мојата маргинализација, непризнаеноста и премолчувањето.

447. Скромноста не оди со цврсти чекори.

448. Колку послаба позиција, толку понеизвесна состојба.

449. Нема подарување без интерес.

450. Негираш и напаѓаш зашто нема добро за тебе.

451. Никогаш ништо бесцелно и бескорисно.

ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVIII
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ 
ИЛИ
ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА
Мислени кажувања за што било:
Промисли-домисли, согледби-стојалишта, умности-премудрости

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.