Навестуваат будење
времето и невремето
ова утро во тишина
без што-годе од ноќта
која штотуку мигум
исчезна
без воздив пред издив
на нешто уште живо.
На пример карпа
меѓу два извора
пресушени дамна
на која некој последен
пред самоти смрт
врежал незнајни знаци
со птица бескрилна.
Судејќи според
времето и невремето
ова утро во тишина
несомнено е збор
за навестено будење.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 22




