Покрај голем рид
недоброј мали
во кои заживеале
надземни и подземни
бездомници.
А во големиот рид
со многубројни траги
калдрми агори
акрополи и некрополи
нема ни жива душа
сал извори мирни води
и понорници.
Бездомниците
надземни и подземни
заживеале
многумина од нив веќе
долго време живеат
во малите ридови
на пристојна далечина
едни од други.
Затоа што
деноноќијата меѓу нив
веќе не се плодородни.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 65




