Жизнено

Јанѕи од јава во јазол

Конечно почнало да не заврши
додека живот живее во себеси
како прв
а може и среде средини во кои
некогаш сите заедно ќе стасаат
на една цел.

Не е за загрижување тоа што
неизвесноста и сомнежот
продолжуваат да навалуваат
сè уште со сета сила
затоа што овојпат се несомнени
согледувањата и решенијата   
на состојбите.

Зракот светлина  
нема да се оддалечи дотолку
што да не може никој да стаса
до него во право време.

Штом е конечно жизнено
конечно жизнено.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 64

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.