Замолчување

Навнатре и однатре

Она му вели налутено:

-Можеш да замолчиш?

Он ја погледнува продорно:

-Можам. А зошто?

Она му одговара воздржано:

-Затоа што ми е доста твое зборување! Едно те исто со денови. Јас сум му била крива што му пропаднал бизнисот, па сега морал да биде зависен од мене. Види богати!

Он надодава иронично:

-Види ја ти неа! Ѝ било доста мое зборување! Зарем тоа не е точно? Зарем ти не ме убеди сиот мој капитал да го вложам во однапред пропаднат бизнис? Камо да не те послушав!..Може и да ти здодеало да слушаш за тоа, а?…Знаеш што мислам јас? Ти намерно ме наведе на таа воденица! Да пропаднам и да бидам тотално зависен од тебе…

Она го пресекува со поглед и му вели со потсмев:

-Ете, сам си знаеш. Ај замолчи или излези од мојов автомобил!

Он ја погледнува секавично, излегува трескајќи ја совозачката врата и ѝ вика заканувачки:

-Да не си помислила да ме бараш пак и да се надеваш дека ќе ти се вратам.

Прочитај и за ... >>  Сотирање

Автомобилот се оддалечува со голема брзина и чкрипење на гумите.

НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 64

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.