Бидува, 471-480

Бидува

471. За согледба

Гледаат очи
нова виделина.

472. Згина

Мина низ некое време,
па згина меѓу два здива.

473. Јавка

За јавка избравме
новороден збор.

474. Убавеење

Почна таа да убавее
дека пак се роди жива.

475. Шика

Вода од камења
шика кон длабина.

476. По трње

Бос по трње бега
од долга врелина.

477. Одамна

Се случило одамна
што да не се случи.

478. Во бег

Луѓе некои во бег
пред ново невреме.  

479. Пикасал

Некој старец пикасал
дека скоро ќе е ништо.

480. Ловец

Лови ловец во лет
птици бескрилни.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.