Бидува, 431-440

Бидува

431. Книги

Се нафрлиле книги
на ревносен читател.

432. Мртов агол

Пред мртов агол е,
а ниту да подзапре.

433. Желба

Сака да му се случи
нешто за радување.

434. Главоболка

Го боли глава, баш
како да ќе му пукне.

435. Без неа

Му ја нема зашто
била само негова.

436. Зошто да

Кога не е
зошто да е?

437. Подарок

Ме изнарадува
подарок од срце.

438. Пајак

Се одмора пајак
во своја мрежа.

439. Искон

Пронајдена трага
за живот од искон.

440. Сон

Во еден сон
јас и ти сами.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.