Потребно време за читање: < 1 минута

Бездруго, он цел живот одел по своја врвица кон догледна и достижна цел. Го докажувал тоа секогаш кога станува збор за лична врвица и догледна и достижна цел. Го докажува тоа секогаш со ведрина која зрачи; според негови ближни поттикнувачка, дури заразна. Непоколебливо тврди дека секој човек има своја врвица која во зрелоста ја пронаоѓа, а целта не е цел ако не е догледна и достижна. Притоа, врвицата е негова зашто е сè уште неизодена, па има за други невидливи знаци што водат по неа, а целта е секогаш единствена, значи неповторлива.

Бездруго, откога се знае себеси како самостоен и независен, од најмлади години бил посветен на работа и дејствување кои богатат, па и облагородуваат секого со кого е заедно или е во врска со него. Конкретно, создава дела и врши дејствија кои во себе содржат дел од негово денешно и утрешно време, но и дел од времето на неговите предци и потомци. Дела вклопени односно вградени во конкретен простор и дејствија во правец на менување состојби со истовремено надминување на назадувачки процеси.

Прочитај и за ... >>  Раскажувач

Сè е јасно кога ќе се поврзат неговата врвица, догледната и достижната цел, делата и дејствијата? Бездруго

ДРЕБНАВОСТИ НА ДРЕБНАВ ЧОВЕK, наративна поезија, 4