Бидува, 331-340

Бидува

331. Назад

Ѕид пред гол човек
од мрамор и во мисла.

332. Гнездо

Свила гнездо птица
последна, бескрилна.

333. Од брег на брег

Дете уште непроодено
преплива распенета река.

334. Низ магла

Мора он низ магла
до нова виделина.

335. Добро

Секое твое добро за добро
во добро од добрини.

336. Совреме

Стигна скитник совреме
меѓу два свои исти света.

337. Предуслов

За спокоен и стамен
само нужно во немило.

338. Бездни

Пред бездни човек
несомнено неуморен.

339. Реа

Отровна реа се шири
од невидливи отрови.

340. Жизнен

Сам корен уште жизнен
негде во ниедно доба.

БИДУВА, поезија/двостишија

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.