СУШТИНИ, 8-14

Потребно време за читање: < 1 минута

8. Љубови

Љуубоови ах
Љуубоови ах ах
Љубови љубови
Биле љубови
Сѐ љубови.

Љубови ех одљубови
Прељубови дољубови
Ех ех ех.

Ој љубови ој љубоови
Заљубови
Од љубови што биле.

9. Вик

Довик па надвик
Над вик
Да нема одвик.

Вика со вик
Од негде до нигде
Заедно.

Вик бескраен.

10. Гола

Гола да е
Дека гола е
Откога гола
Ја наслика гола
Сликар на ѕид.

На ѕид на ѕид
Гола гола гола.

11. Праг

Праг со траги
На замин
Праг што жали
Од замин.

Праг самува
Во чекор болен
Во зачекор
Од праг каменит.

Без трага
Праг без сонце
Каменит.

12. Дожди

Најпосле дожди
Дожд летен кон
Есенски
На сува земја
Уште не мртва.

Белки ќе е доста
За да ја оживее
Па да ја заживее
Дури има семе
Уште живо.

На умирање
Макар.

13. Лесно

Лесно за лесно
По лесно полесно
Да им биде
На сите во лесно.

Прочитај и за ... >>  СУШТИНИ, 1-7

Нека е лесно
За со лесно
Никогаш полесно.

14. Камен

Има камен на пат
Каменит
Окаменет од молк
На некој
Што одел дамна
По него
Со последни сили
И срце камено.

Негов ли е
Или е камен
На воин
Со жива рана
Далеку
Од своја бестрага.

Откорни камен
Од патот каменит
И земи го каменот
На патот каменит
Па еден до друг
Еден спроти друг
Еден врз друг.

Може
Стави ги
Да бидат знак
На залудност.

СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија, 8-14