1. Ништо сосила меѓу силни.
2. И покрај сè што им сторија, они уште слепо им веруаат. Не им се веруа оти предолго се на рабо на амбисо.
3. Истерај ги на чистина, па пуздерисај ги еден по еден.
4. Нит` ме догледуа, нит` ме дослушуа мојта севда голема. Негде је кај шо ја не можам да бидам.
5. Сакал ти али не сакал-ќе биди ко шо главатари неумни намислиле да биди.
6. Нема мало дрво со длабоки корења. Има тенко и високо со плитки.
7. Поддржи ме да не паднам, па ја ќе ти поможам да се испрајш на нозе.
8. Со никого незнаен меѓу време и невреме.
9. Оти си чоек, лесно ти је да го припознајш чоечкото во чоеко.
10. Мојто дело со мене и по мене.
11. Власта је власт и за чоек и за лујѓе.
12. Ако не го помагаш, напрај шо можиш за самио да си поможи.
13. Имај, ама научи да имаш и кога немаш.
14. Не расипуј игра и радуање. И ти поиграј и порадуј се.
15. Ако се најдат двајца за чисто и бистро, ќе се најди и трет.
16. Не се почнуа без да се знај кој и како ќе продолжи.
17. Кој шо љубел со срце и душа, до смрт не можи да се одљуби.
18. Домаќине, ти идат гости за дружејње и веселејње.
19. И по магарето и по самаро зато шо боли по себеси.
20. Мал чоек не знај да живеј на висока нога.
21. Голем срам за секој шо али не познаа али премолчуа такво големо и непорекливо дело, какво нема друго на свето.
22. За творецо и негоото дело нема никакви граници.
23. Мора да ги знајш однапред последиците од твојто дејание.
24. Свето се менуа брго, а живото треба да течи колку можи поспоро.
25. Лесно со оние шо ти се пред очи. Тешко со оние шо ти се зад грб.
26. Се поразија себеси пробајќи да ме поразат.
27. Не се со мене оти не можеле никако.
28. Мнозина не знаат ништо за мене, а го знаат мојто големо дело.
29. Бистрио ум ништо и никој не можи да го помати.
30. Ако тргни колата прудолу, секако ќе се искрши доколку нема кој да ја сопри.
31. Сета моја љубов за тебе и со тебе, љубов.
32. Не пробуај да се догоориш со простак и недоветен.
33. Му коленичиш на оној шо не ти мисли ништо добро.
34. Му го пресекоа чекоро.
35. Од пред некое време и најмалу од мене е многу по многу.
36. Не можеа да го замолчат, па го сневидоа.
37. Најубоо је да не му фалиш никому. То нема никаква врска со забораањето.
38. Зборо ти је наместо оти вреди.
39. На независен мислител и творец власт ич не му треба.
40. Попрајте ја грешката шо му ја сторивте дури не биди предоцна. Ако је грешка.
41. Никому ништо за ништо.
42. Ја мислиш љубовта на твојо живот шо не поживејала.
43. Нема кому да му збориш, а веќе не ти се збори ни со самио себеси. Чаре? Збори молчешкум.
44. Било шо било дамна, а никако не можи да биди пак.
45. Мислите оти не се знај кому му измеќаруате политиканти низаедни? Се знај сè, дури и до кога ќе им требате такви
46. На чистина, смрдежи, гомнојадци и гомносерци, на чистина!
Доста ве трпи народо што го поганите кај ќе стигнете! Доста!
Марш сите на кои им се тртите и им ги лижете!
47. И па исто, ко сите досега!
Власт саде за пари и алашвериши!
48. Него треба на раце да го носите, а не ич да не ви је гајле оти живурка ко старец пред одење во неврат. Еј, ко него нема на свето!
49. Си минал низ сито и решето?! Блазе си ти!
50. На ветар му раскажуа како преживеал саде он.
51. Преку глаа ми је од недоветни на власт.
52. Се заборајло оти не било за паметење али од забораачка болештина.
53. Играше чесно, па по играјњето остана со прсто в уста.
54. Секој со свое и за сите шо вистина сакаат со нас.
55. Му остана занавек во умо едно моме лично ем домаќинско.
56. Падна од коњ на магаре, па го ничкосаа наземи.
57. Ма за ништо ич не ми је гајле. Освен за здравје.
58. Си играат со огин неранимајковци и изродници.
59. Кажи си шо ти лежи на срце, па продолжи си ко досега чим не можи инаку.
60. Годините не се ништо при ум и разум.
61. Изборо је мој?! А бе ај!
62. Не ми треба фалба. Од мене је непобитно.
63. Омаловажуаш, исмејуаш, обезначуаш, дури навредуаш, а не се ни погледнуаш во огледало.
64. Не сме за жалејње чим дозволуаме и прифајќаме услуги за замижуање при крадби.
65. Она шо не чини али напрај го да чини али смени го со нешто шо чини. Чини, не чекај.
66. Иста љубов по многу години? Да, ако је чиста.
67. Се загнале по пари и кај шо нема многу работа. Поготово во власта.
68. Секој чоек шо је чоек не можи да не биди и личен.
69. Чим је интересно, ем је полесно ем је полетно.
70. Помагај колку можиш и до кога можиш. Ко секој шо можи.
71. На изродо народо нејќи ни името да му го спомни.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА БЕЉАТА И НЕОЛАТА
72. Беља си натоари на глаа, па сега од неа никако да куртули.
73. Од една друга беља али саде една ко ниедна друга.
74. Не прај бељи и ничија беља нема да те снајди.
75. Арамијата је саде за бељи праење.
76. Беља прајш, беља ти праат и зато влегуаш од една во друга беља.
77. Ти се качиле на глаа за бељи да ти праат.
78. Најмногу бељи од пари шо не се твои али ги имаш ко да ги немаш.
79. Си ја тражи бељата за да ја најди.
80. Ќе влези беља во тебе за долго да не излегвит.
81. Чоек нема дерман од една, исто ко од многу бељи.
82. Им прајш големи бељи на бељаџии, па тие ти враќаат со уште поголеми.
83. Се бориш со бељи цел живот, а тие не те оставаат на мира ни на умирачка.
84. Една неола викаш да ти поможи, а друга ти одмага.
85. Во неола и по неа умно.
86. Излегуаш од една неола и здивнуаш пред да влезиш во друга.
87. Твоја неола се ватила на оро до друга, па те тераат да играш дур` не папсаш.
88. Неола знај и болест да излечи.
89. Неолата го бистри умо на чоеко за таа пак да не му затреба.
90. Се нашле двајца бељаџии усвет да фатат.
91. Во живото нѐ снајдуаат мали и големи неоли. Малите нѐ челичат за со големите да ни биди полесно очеличени.
92. Памет во глаа по неола.
93. Неоли навалуаат за да те подведат под свое и да те туркаат шо подолу во живото.
94. За секоја неола крив ни је некој.
95. Бељи прајш, неоли ти праат. И едните и друзите исто ти тежат.
96. Најпрвин види, согледај и измери колку трај неолата. После думај како да ја поразиш.
97. Многу је важно да узнајш дали неолата ти дошла по друга али по друзи.
98. Ќе ти влези в куќи неола и ќе те раскуќи.
99. Отфрли ја неолата шо подалеку од себеси.
100. Беља за беља, неола по неола.
101. Варди се од неолите на друзи. За да не те соберат и тебе.
102. Неолата се плаши од неола шо је иста али личи на неа.
103. Големи неоли те снашле? Те нашле!
104. По беља беља, по неола можи среќа.
105. Неола те вика, а ти се прајш наглув.
106. Неолата можи во себеси да носи поубоо време од шо било.
107. Туѓата неола те учи да не прајш своја ко неа.
108. Неолата се надминуа ако не ѝ даваш на друга да ѝ се придружи.
109. Во беља саде непријатели, во неола малкумина од пријателите.
110. Ќе се најди ли некоаш толку доблесен политик, шо ќе врати сè шо украл и грабнал од народо?!
111. Нема ќе кога се знај каде, како и кога.
112. Се препраа оти не го гледа зато шо не сака да го види.
113. Он не се смеј оти је во секирација.
114. Ќе животворам дур` сум жив.
115. Не чини двајца, а камо ли мнозина истомисленици.
116. Накриво насаден не расти со испраени.
117. Се препрааш оти не ме познааш, а сме биле заедно и денум и ноќум.
118. Нека течи дур` не истечи. Само да не претечи.
119. Ај да те прашам:
Прајш нешто за народо без пари? Ако не за друго, бар од почитание. А?!
120. Ништо не је сменето во љубовта шо ти била, а дамна ја нема. Сè је исто и сега ко шо било на почетоко.
121. Асолна држава и асолно општество без никаква привилегија за никого.
122. Можиш да го прелеташ свето од еднио до другио крај? Ами шо чекаш?! Летај, млад чоеку!
123. Ептен је погодено за најголемио број довчерашни и сегашни политичари: шапшали.
124. Од мене нек` је сал за мене. Како дошло, така ошло.
125. Посебнио со некои нешта је особен.
126. Многу од друзи минало, малу за мене останало. Скоро ништо.
127. Се сеќааш на мене, а не знајш ни дал` сум уште жив.
128. Си ветил, не си исполнил, а пак веќаваш!
129. Ја сум мислител и создател. Против то никој ништо не можи!
130. Сè ќе си дојди наместо…ако не изместуаме.
131. Од простак обезличуање, од будала беспоговорност.
132. Ти ко да не разбираш оти љубовта и боли и разболуа и во смрт потонуа.
133. Едни се арчат за таткојната, друзи безмилосно ја арчат.
134. Ич да не се сакалдисуаш за мене. Според тебе нема ништо добро од мене? Важи!
135. Не те бидуа за шо мене ме бидуа, та зато ние двајца не бидуаме.
136. Му мелат забите зборој ко мелнички камен.
137. Убајната је во чоеко, ама и на негојто лице.
138. Трајно је она шо го надминуа негоото сосе нашето време.
139. Биди со умни и слушај ги.
140. Ги тераш на нешто сосила, а нема да ги натераш оти нејќат.
141. На стадово бели овци му фали барем една црна.
142. Толку се заборајвме, шо не се ни познааме.
143. Доста је од тебе да сториш нешто шо ќе ми ја олесни староста.
144. Од мене сè за со тебе, љубов.
145. Нема крај за мене до мојо крај.
146. Колку речено, толку недоречено и непреречено.
147. Секоаш шо поблизу до мојте корени и мојто домашно огниште.
148. И со фарбајње и со префарбуајње стварноста остануа грда.
149. Последното разочаруајње се престоруа во очај.
150. Наместо совреме да го пресечиш јазоло со меч, и тебе те врзаа во јазол.
151. Политичката бедотија не се сокрива, нито се покрива со азно украдено од народо.
152. Сите на власт и во опозиција докажаа и сетики докажуаат оти се саде за многу пари и аздисуање.
153. Срамотата на сите шо му ја чинат на чоек со големо дело је неизмерно голема.
154. Кој ли те учел оти апсењето предавници, апашишта и секакви друзи изроди је праење циркус?!
155. Пак ќе го лажиш народо, ама то ќе ти биди последно.
156. Ти одамна не си ми во видното поле.
157. Не угасна сама од себе љубовта во тебе. Ти ја угасна.
158. Власт за многу пари-народ без пари.
159. Лошо ни се пиши? Па, не можи добро чим друзи ни пишуаат.
160. Килаво праено-ја недопраено, ја испокрадено.
161. Годините на староста мигум се престоруаат во бројани деној, часој, минути. Наши си се ко сите друзи.
162. Ми го разбираш рамнодушјето и го прифаќаш? Фала ти.
163. Ништо и никого сосила за тебе. Оти то не ти треба.
164. Далечините за заборав али за зближуање.
165. Кај шо владеј просечност и простаклак, нема место за несомнена вредност.
166. Не сум со вас оти сум? Па сум!
167. Ме молчат, ама ја не молчам. И нема дур` сум жив!
168. Ја за себе знам кој сум и шо сум. Знам и за вас.
169. Нема безлична љубов. Секоја је лична.
170. Предводнико је за сите по него.
171. Нема време за секидневна политика оној шо мисли и твори посветено.
172. Трајните вредности немаат никаква врска со времето на нивното настануање, нито со минливоста на живото.
173. Надеај се најмалу на она шо не било никоаш, а можи да биди.
174. Сè ми се чини оти нито сме спремни, нито се спремаме за собитијата од силните спрема слабите.
175. Самобитноста и независноста први на удар на невремето шо се засилуа.
176. Правото да избираш и правото да те изберат не се рамносилни.
177. Прај се наудрен и ќе мини ко секое чудо за три дни. Можи ден-два покусо али подолго.
178. Полесно се открива она шо се знај однапред.
179. Голем спрема голем се однесуа ко голем.
180. Си играат дрндупка со власта, а она мисли оти је за озбилно.
181. Си била шо си била една љубов. Друга иста никоаш нема да биди.
182. Минаа многу години меѓу нас жални.
183. Никако да ви влези ум во глајте. Ќе мора со инка да ви се тура.
184. Се израсипа свето. Едни си ја ебале мајката, а на друзи мајката им ја ебаваат.
185. Се знај и кој пие и кој плајќа, ама за то баш никому не му је гајле.
186. Немошни владеат со од ними уште понемошни.
187. Аздисуаат ебачко-дрогирачки прекуноќни богаташи.
188. Тешко на млади со стари кои не си ја гледаат староста, ами се однесуаат ко да се во цуто на младоста.
189. Лесно ли али тешко те излажуаат партиски лажливци?
190. Не си со никој оти никој ништо не ти дал, не ти дава, нито ќе ти дади.
191. Од тебе неизмерно, та кога било можи да биди колку било.
192. Најкусо се живеј во паметење.
193. Свето је мал за секој голем чоек.
194. Те буди сè шо се прај среде бел ден?!
195. Ти премале снага на чекор до целта оти тргна кон неа неспремен.
196. Не је убоо моме со таговно лице.
197. Сегде ем секако со верба во себе.
198. Каков било крај по сè шо прегрме во живото.
199. Жално је и страдално сè да бараме и да најдуаме меѓу нормално и ненормално.
200. Побрго али поспоро, то најмногу зависи од течението на времето.
МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ВРЕМЕТО И НЕВРЕМЕТО
201. Никого не го бидуа сосем сал со свое време.
202. Треба да мини време за што-годе да узреј.
203. Твојто време минуа спроти годишните времиња.
204. И во време и во невреме да не го пушташ времето да ти го скусуа живото.
205. Никој не продаа време, а тебе секоаш ти фали.
206. Скапо му је времето на оној шо се бори против невреме.
207. Ти врви и ти се куси времето според грижите и проблемите шо зависат саде од тебе.
208. Сѐ совреме ако сакаш да се најдиш себеси во право време.
209. Времето најмногу се докажуа со постоење од памтивек.
210. Од невреме се браниш со луто време!
211. Ако те вртат коските, ќе се расипи времето во тебе.
212. Времето кажуа и докажуа најмногу денес за утре.
213. Владеј со времето шо је дел твое, а дел споделено со блиски.
214. Му должиш на времето шо те водело низ невремиња.
215. Брго ти минуа времето? Зато шо не си целосно во него.
216. Вонвременско дело со свое време.
217. Умо ги надминуа границите на времето.
218. Не губи време на прибирање дребнавости. Тие нема да ти ја обогатат секидневноста.
219. Сечиј живот преполн со секакви времиња. Наспроти траењето во невреме.
220. Кога би можел да го вратиш времето бар некој час, многу нешта би попрајл и препрајл.
221. Времето лекуа, а невремето поболуа.
222. Добрите стари времиња саде се чинат добри.
223. Кај да се криеш, времето ќе те открие.
224. Времето брго им течи на оние шо го трошат брго.
225. Не чекај да ти дојди времето. Биди пред него.
226. Време на паметење и време на забораање. Меѓувреме за траги остаање.
227. Растурено време никој не можи да собери.
228. Сакал ти али нејќел, се менуаш наспоредно со менуањето на времињата.
229. Тешки и лоши минати и сегашни времиња, за лесни и добри утрешни.
230. По многу одживеани години узнаваш дека живото је мигновен.
НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VII