Камени гласови

Потребно време за читање: < 1 минута

Одвај чујни а препознатливи
гласови на даменшни
и гласови на блиски предци
скаменети
во камен предел недалеку
од простор за приказ
на разбранети соништа.

Едните камени гласови
наредени едни по други
меѓу земја и небо
другите камени гласови
оставени да преживуваат
сами
меѓу подземни корени
и  надземни мртви семиња.

Камени гласови од никаде
како од секаде надојдени
расфрлени
што да не може никој
да ги собере
да ги прибере во екот.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 45