283. Нека се признаваат и наградуваат меѓусебе колку што сакаат. Јас, како мислечка и творечка личност со грандиозно творештво, во нивните игри не влегувам!
284. Ме ззаборавија ли оние што ги љубев и со кои делев добро и зло? Да не мислат дека веќе не сум жив?!
285. Не ми се прикажувај каков што не си. Се знаеме долго.
286. Не си што сакаш да бидеш, ако се чувствуваш ништожен меѓу мислечки и творечки личности.
287. Со оние со кои не си за никаде не си.
288. Јас продолжувам одлучно, а вие стојте во место неодлучни.
289. Да, веќе ми е сеедно што ќе биде со моето творештво по мене. Не е ништо ни сега, при моево постоење. Наместо горчина-рамнодушност.
290. Драго ми е што е вака (порака во Inbox од „фејсбуковец“):
Ти си единствена творечка личност која дома не значи ништо, а со мислечко и книжевно творештво кое според бројот на создадени дела и нивната разновидниост е најголемо на светот“.
291. Со оглед на годините, речиси нема ништо што би можело да ме изненади.
292. Се вртиме во круг, а кругот сè потесен.
293. Неминовното најчесто се случува последично.
294. Светот е убав и преполн со грдотии.
295. Немој сè на брзаница. Има многу за во ветер и магла.
296. Не можеш со сите исто. Ни сите исто со тебе.
297. Довербата со пари не се купува. Кога е таа суштина на егзистенцијата.
298. Твојата тврдоглавост не издржува меѓу доследни и достојни луѓе.
299. Со љубов безвременска во безграничен простор.
300. Доста е што сме заедно.
301. Во минливоста просечноста пред сè друго.
302. Собери ум и сила, па бори се против неизвесноста.
303. Јас (ќе) немам своја поставка зашто (ќе) нема ништо мое за поставување.
304. Светот е мал за секој слободоумен.
305. Не играш зашто те преиграа.
306. Дозволи да те злоупотребат, та веќе не си им потребен.
307. Ништо од никого за мене лично. И што имало-пропаднало.
308. Не сум чул за богатник кој спие мирно.
309. Што им оставам на моите потомци? Само она што сум јас.
310. Не ми се годиниве за многу нови почетоци. Ни за нови дела.
311. Ја криеме од нас нашата љубов!
312. Не бројам изброени денови и ноќи.
313. Добро е, но мене не ми е.
314. Зборувам гласно за многу нешта затоа што за многу нешта молчам.
315. Посилен и поотпорен по секое зло што ти го сториле со намисла или од небрежност.
316. Навикот е за истост, минливост и дребнавост.
317. Браво човеку, стаса и се престаса!
318. Ме обзема задоволство кога догледувам радосно лице.
319. Посегаш по туѓо зашто немаш доволно свое.
320. Се сноват луѓе по запустени и неми огништа.
321. Негде си кај што не си, ниту можеш да бидеш што си.
322. Остави политика. Дај нешто конкретно.
323. Кажи што мислиш за некој да те мисли.
324. Сал љубов животворна.
325. Се сплотиле жилави луѓе за борба со ништожни.
326. Немаш каде пред беспатје.
327. Отуѓен од самозадоволни луѓе.
328. Нескротлив творечки дух-непобитен.
329. Присутен сегде, а нигде ни виден ни знаен.
330. Пресечи совреме за да не биде предоцна за тебе.
331. Пресретни го подготвен предвидливото.
332. Обичен човек-простодушен.
333. Громогласен виден на догледлива височина.
334. -До кога?
-Додека јас.
335. Обожуван творец?! Не познавам таков. Познавам самодокажани.
336. Љубовта во чекор со мене.
337. Им здодеав на оние шот ги вознемирува моето катадневно присуство? Баш убаво!
338. Со многу знаење и насобрано искуство не се стои во место.
339. Се обзнанува дело секако кога е непорекливо.
340. Нема одговорност без свесност и совесност.
341. Политикантскиот кариерист сам се прикажува.
342. Кој сака, може да узнае какво ми е делото што го создадов. Без каква било поткрепа и признателност.
343. Да си немаш никаква работа со дибеци, простаци, подлизурковци и туѓински платеници.
344. Чествуваат великани оние што заслужуваат нивни дела, храбрости, херојства и саможртви.
345. Може со мене оној што ми е рамен.
346. Колку сум влијателен како мислечка и творечка личност со грандиозно творештво, единствено на светот? Проверете.
347. Само спокој, ведрина и скромна живеачка за човек во години.
348. Зошто не за сите, ако можам?
349. Моја љубов си зашто си своја. Со свои секогаш и сегде.
350. Во политиката треба да си за многу за сите, а најмалку за себе.
351. Достоинствен предводник за достоинствен народ.
352. Многу премрежја зад мене, којзнае уште колку пред мене. Борба за живот.
353. Само конкретна одговорност за што било конкретно.
354. Два чекора напред, а еден назад по предолго стоење во место.
355. Ништо немам лично од власт на која ѝ верувам исто колку што не ѝ верувам.
356. Не радуваат малите извесности пред голема неизвесност.
357. Сегашноста ти ја одлага иднината, а никако да ѝ го догледаш крајот.
358. Заедно се до заедничка цел.
359. Продаваш магла на сончевина.
360. Учениот дури е жив доучува.
361. Актуелно секогаш, особено денес:
Последиците од она што народот „не треба“ да го знае за него се секогаш трагични.
362. И минлив, но пристоен живот во љубов.
363. Престани да ми ги трошиш нервите!
364. Посегаш по туѓ живот за да го контролираш и насочуваш.
365. Зошто и јас да не го знам она што го знаеш ти?!
366. Ако си човек, должен си да ја чуваш човештината во себе.
367. И после сè за тебе ништо.
368. Спокој и надевање на неуморен творец.
369. Совршенство-ништо пред и ништо по.
370. Од него ќе нема крај ни по исчезнување.
371. Нема ослободување од страв во непознато.
372. Разногласието е неизбежно при промислување на идентитетската положба на поединецот во една заедница.
373. Биди претпазлив кога ти се нуди брзо решение на горлив проблем. Дека е горлив.
374. Голем сомнеж, а мала извесност.
375. Криената вистина најмногу боли кога ќе се открие.
376. Не знае за права љубов оној што не ја доживеал или не ја живее.
377. Строгост во функционален систем.
378. Пристоен живот за почит, одбрана и спомагање.
379. Невозможно е одново да почнеш да му веруваш на оној на кого си му верувал.
380. Создавајќи дела, творците ги длабат своите корени во својата земја.
381. Од пизма:
Непорекливо, а непризнаено.
382. Не откриваш зашто не сакаш или не знаеш што.
383. Свесен не прави глупости. Или прави свесно.
384. Избираш друштво зашто секој не заслужува да биде со тебе.
385. Ако нема корен, нема плод.
386. Негираш дело што не го познаваш?! Значи, тоа не е за тебе.
387. Светот на творецот е сам по себе единствен и неспоредлив со на други.
388. Ако не си прочитал што сум обзнанил. Тоа ќе постои и без тебе.
389. Ах љубов, љубов! Постоиш, а те нема нигде со мене.
390. Ќе те поддржам ако си подготвен на саможртва.
391. Доживуваш најголема поразија од признаено дело од други, а премолчено и маргинализирано само од тебе.
392. Продолжи од кај што јас запрев немошен.
393. Не се едни за други штом се за трети.
394. Никој не живее доволно долго.
395. Човек што зајдува,во заборав заминува.
396. Нема да гласам за тебе ако нема друг.
397. Работиш и создаваш за други, работејќи и создавајќи за себе.
398. Трагично е за нас што имаме наше минато без сегашност и иднина.
399. Не ме враќај во време што било наше.
400. И средината и околината да ги воспримаш критички.
401. Не се заборава голема љубов дамнешна.
402. Децата и возрасните заедно најмногу учат од животот.
403. Непроспиена ноќ како ден мачна и болна.
404. Има луѓе на кои сум им помогнал, а тие ми вратиле со зло што не се заборава. Ако не се казниле досега, ќе се казнат кога-тогаш.
405. Има еднаш засекогаш.
406. Наречиполитичари научиле како скришно од народот за тој никако да не може да открие.
407. Суетата најмногу ѝ должи на инфериорноста.
408. Загрозен опстанок:
Видна личност опкружена од медиокритети.
409. Посветен на суштината, а против ефемерноста.
410. Не дали, туку што можеш ти за сите.
411. Завршеното дело престанува да зависи од својот творец.
412. Соголен до гола кожа се кити со туѓо перје.
413. Спокој и доволност по крај.
414. Сенешто зависи од власта. Дури и личен опстанок на докажана личност.
415. Зошто се таи единствена непорочна љубов?!
416. Да се усовршува за да трае додека не се замени со ново.
417. Туркај и не дозволувај да те туркаат.
418. Нерешителноста оддалечува од целта.
419. Не треба да споделуваш со никого нешто од твоето препознавање.
420. Не со оној што бара одобренија.
421. Нема знак на равенство меѓу доследноста и тврдокорноста.
422. Не е за допаѓање, туку за вреднување.
423. Не сум задоволен од досега стореното, но се воздржувам зашто има некои назнаки на подобрување.
424. Забрзај, но води сметка да не избрзуваш.
425. Не ти треба она што не те богати.
426. Замина ненадејно? Тоа е невозможно!
427. Станувај рано спокоен во секој твој нов ден.
428. Предоцна за нов почеток. Продолжение докрај.
429. Во човек неугаслива љубов.
430. Ти си уште жив по толку многу напади врз твојата самобитност?!
431. Секој треба да се труди да биде подносливо личен.
432. Мултиполарен свет:
Сè е под нечија контрола.
433. Совршено:
Ништо од него не остана недовршено.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXVI