Свесност

Јанѕи од јава во јазол

Просто е невозможно
Он да не гледа што е
Да не сознава што е
Да пруифаќа како е
Он да молчи дека е.

Просто не може
Да не се опира
На стварност која
Не е стварност
Која допрва
Треба да е стварност.

Он е свесен за сè
Што не се случува
И со него и со сите
А на што се надевал.

Он е свесен
За секоја умисла
Да се ништи
Да се брише дури
Како трага дело
Кое некогаш постоело.

Просто не прифаќа
Да отиде во пустина
Во некоја празнина
И да крикне од немоќ
Дека заминува
Тивко неизбежно
Како минливост
Меѓу ова едно
И некое друго време.

Он-птица прелетница.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 42

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.