Прашување и одговарање

Му вели дека не сака многу, всушност најмалку сака да ја прашуваат за што-годе. Не затоа што на пример се лути на себеси, се нервира или напросто ѝ е непријатно кога не знае да одговори, туку најмногу поради тоа што за неа прашувањето, особено за нешта кои се однесуваат на неа лично е откривање, разоткривање, разголување, соголување, неретко одгатнување.

Ѝ вели дека неговото прашување за што-годе најмногу иде од желбата за осознавање, истовремено и запознавање. Најмалку за одгатнување, бидејќи тоа би значело постоење на загатка, некоја тајна која не треба да биде тоа. На пример меѓу нив.

Си велат исто еден на друг: не треба да се прашува доколку не постои расположба за одговарање. Инаку речено, пред да се праша или прашува, треба напросто да се праша дали може да се праша. Или, пак, пред да се почне со прашување да се праша дали постои расположба за одговарање.

Не пропуштаат да си речат еден на друг дека од прашувачот и прашувањето зависи вистинитоста, поточно искреноста на одговарачот и одговарањето.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 44

Го прашува дали они имаат заедничко време. Ѝ одговара се разбира, инаку не би биле заедно.

Ја прашува дали радо му подарува дел од своето време. Му одговара се разбира, инаку не би биле заедно.   

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 91

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.