Лидија Страсека е одамна во длабок молк. Од пред многу години, откога ѝ почина последната од трите рожби. Фидан беше дете, фиданче, на дванаесет ипол години, а неизлечиво болен. Го знаеше денот, дури часот кога ќе му запре срцето.
Лидија Стратеска е во црнина и во длабок молк. Онемена.
Всушност, Лидија Стратеска зборува со себе и со своите три мртви рожби од рано утро до никоја доба. Во себе.
НАВНАТРЕ И ОДНАТРЕ, раскази/ескизи, 43