Бран

Камено небо

Бран брани бран
по бран со бран
пред бран
пред бранови.

Бран за бран
како бран
што брани бран
од бранови.

Бранови во човек
бранови од човек
бранови за човек.

Со човек бран
и човек во бран
кон бранови.

Се брани срце.
Во бранови срце
удира бран.

Брег брановит
бран разбрани.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 46

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.