Како било, 81-85

Потребно време за читање: < 1 минута

81. Мајки

Жени во рани
на бојно поле.

82. Жртва

Сè во миг на трага
со засирена крв.

83. Стравување

Што ако пак се случи
да падне мрака од нигде?

84. Бележан

На чело на човек
сенки и години.

85. Повторливо Пак и пак неслушнат
крик меѓу два облака.

БИДУВА, Како било, поезија/двостишија