1. Го нема како да бил без никој свој.
2. Ќе стасаш на целта ако не скршнеш од својот пат.
3. Сè е полесно едни со други, отколку едни покрај други.
4. Секое дело може да се создаде одново или да се пресоздаде. Тоа зависи и од него и од неговиот творец.
5. Доследен и постојан-за почит.
6. За тебе е надежно да знаеш до каде со стекнатото знаење и способноста.
7. Смислено и рационално-кредо на политичкиот активитет.
8. Од тешко сè потешко кога брзаш за да стасаш навреме, а веќе доцниш.
9. Доволно долго за да биде до кога било.
10. Бескрајна љубов без крај.
11. Важно е ти да ме надживееш.
12. Радување макар миг за миг.
13. Најмногу го весели срцето кога се заедно старо и младо.
14. Повеќе развеселува почеток, одошто крај. Еднакво почеток во крај и крај за почеток.
15. СДС и ДУИ треба час поскоро да се збришат зашто не се партии, туку мафијашко-платенички дувла, народни и државни непријатели.
16. Независно новинарство?! Постои негде? Што е тоа?
17. Стар бел дедо:
Лични желби и очекувања? Желба една таена, а очекувања…Баш никакви како мислител и творец-книжевник.
18. До кога и уште колку од мене? Дури сум при ум и со силата негова.
19. Нека биде добро, сеедно со мене или без мене.
20. Јас и личен? Да, секогаш и во сè.
21. Дури сум жив, само од мене зависи што ќе се случи со моето дело. Може ништо.
22. Несовладлива далечина меѓу нас. Дека е незамислива.
23. Отворен живот во младост, сè позатворен во години на старост.
24. Сме можеле секако, сега не знаеме како.
25. Се фатиле рака под рака учен млад човек и искусен старец, па тргнале кон заедничка животна цел.
26. Не почнувај ако не знаеш како ќе продолжиш откако ќе продолжиш.
27. Премногу залудности во брза живеачка.
28. Убава и долга љубов за заедништво, страдална во самотија.
29. Гасне светлина во мрачна и длабока далечина.
30. Никој не те слуша затоа што не се слушаш што зборуваш.
31. Сè повеќе живуркање, сè помалку исполнет живот. Пред беспаќе.
32. Сè пропаѓа кога нема ни напред ни назад, а стоењето во место е неиздржливо.
33. Без кој-годе се може, но ти не си кој-годе.
34. Неминовно пропаѓа светот во кој материјалноста ја надвладеала духовноста.
35. И прв и последен човек самотник. Без оглед што има други.
36. Пробувам без тебе, љубов, зашто морам.
37. Можат потомци да надминат нечесност оставена од ближен кој починал ненадејно, но само доколку им е товар и се чесни.
38. Согледба:
Зависноста на младите и слабите од големите и јаките е сè поголема. Од ден на ден!
39. Како слободни, независни и самостојни? Едноставно, со свои посебности, дела, умност и разумност.
40. Никој не прочитал што сум напишал? Жалам, но јас во врска со тоа не можам да сторам ништо.
41. Сомнежот е творечки придвижувач на човекот.
42. Мудроста е јадро на слободата.
43. Ако имаш мнолгу пари, можеш да имаш сè што не ти треба.
44. Сте изиграле и преиграле многу љубови во животот?! Не сте ни да ве жали човек.
45. Ти со нив можеш секако, а тие со тебе никако. Тоа е затоа што тие сакаат само да е по нивно.
46. На секој политичар побрзо му минува времето на злоупотреба, одошто на употреба.
47. Во секоја голема љубов возвишени чувства.
48. Работи и дејствувај од позицијата на која си, едновремено и за позицијата на која сакаш да бидеш во скора иднина.
49. Да, животот е борба, но во еднаква мера и самодокажување.
50. Музиката и поезијата се највозвишени дострели на човечкиот творечки дух.
51. Политикантот најмногу се труди да држи во свои раце што повеќе конци на политички марионети.
52. Секогаш е најтешко народот да си го поврати своето испокрадено од мафијашки владеачи со него.
53. Врвен успех на секој бизнис на слободниот пазар:
Најквалитетно, а најевтино.
54. Набрчкано лице-години мудрост и борба за живот човечен.
55. Од ден на ден сè потешки и поуморни денови и ноќи.
56. Никогаш не даваш исто колку што земаш. Лошо и само да даваш и само да земаш.
57. Колку твое време вон минливоста на времето?
58. Самост во старост-тежина, болка, молк.
59. Со тебе барем миг заеднички, љубов незаживеана.
60. Ти секогаш никој како јас, а само понекогаш како сите.
61. Толку многу ме разочара, што не сакам ни да те видам.
62. Тој многу дава, а нема доволно ни за себе ни во себе.
63. Најблагороден и најдоблесен личен творечки ангажман:
За духовно обединување на својот народ.
64. Прочуен во минато време по лошо или по зло. Заборавен во денешно.
65. Нема ни кога ни каде, ако нема и од кога и до каде.
66. Заостануваш зад нас? Значи, видливо или невидливо малаксуваш.
67. Гледаш подалеку од сите, а не се издвојуваш.
68. Го слават како великан откога отиде во неврат. Трагично за нив.
69. Тивко и незабележливо тоне во заборав неговото дело. Неизмерно, исклучително, разновидно.
70. Создавам со љубов, среде љубов и за љубов.
71. Не можеме да се видиме, ако не се побараме.
72. Како сум сега расположен? За тебе исто како од пред да ме прашаш.
73. Согледувам твои секакви мигновени состојби при наше едновремено разминување и препознавање.
74. Се радувам детински кога ме слушаш, читаш или гледаш внимателно.
75. Знам дека сум стар и стареам, но борбата ми е за колку може побавно снеможување.
76. Колку подалечни, толку полични.
77. Во љубовта душа и срце, радост и игра, искреност и доверба.
78. Ниеден творец не се труди да остави што повеќе свои дела во живот. Тој напросто твори додека може.
79. Жива си додека те мислам, љубов.
80. Ние имаме нешто заедничко и само наше.
81. Дали ќе живее моето дело по мојот живот? На тоа не ни помислувам.
82. -Ти ли си, човеку?
-Јас сум. Ти требам?
83. Човекот е личен и единствен во духовниот, а безличен во материјалниот свет.
84. На крстопат пред нов пат.
85. Секогаш има за што се жртвува самосвесен човек.
86. Жално е што дозволуваме да ни бледнеат живи спомени.
87. Никогаш лош збор за кого било.
88. Тајна врска меѓу некогаш блиски, а одамна далеку еден од друг.
89. Ни допир ни трепетлив збор.
90. Меѓу многу светови два во еден.
91. Мисла за вредностите продира во самосвеста и постоењето.
92. Бесмислено е да се движиш кон крајот, бегајќи што подалеку од својот почеток.
93. Мали со големи колку може посамобитни.
94. Неуморно, неуморно, неуморно…до последен издив.
95. Непореклива верба во себе.
96. Ех, кога би можеле еднакво да се радуваме на мали и големи нешта.
97. Нема ни зрак светлина на крајот од љубовта што не била љубов.
98. Сум минал низ и сум надминал многу премрежја. Никогаш стоејќи во место.
99. Слободоумен, достоинствен, стамен и со дело извишен.
100. Јас и ти во мигновена весела игра.
101. Сам со себе во своја сегашност.
102. Ако немаш прави зборови, не збори криво.
103. Тој на виделина недогледен.
104. Се радуваш со мене, љубов? Исто како јас со тебе.
105. Се поигруваш со моите чувства? Тоа не е добро за тебе. Нема да ги знаеш.
106. Ја навредувате интелигенцијата на народот, а кога тој избира се лигавите пред него.
107. Неукост и простаклак владеат со наивен и будала.
108. Плука лаги околу себе нечиста совест.
109. Некое безогледно ветриште завејува твои траги.
110. Не ти вреди што чистиш пред тебе кога валкаат зад тебе.
111. Љубовта најпрвин се докажува исто близу и далеку.
112. Развластени безлични никако да се погледнат во огледало.
113. По замин на голем творец во неврат:
Беше и ќе остане со нас со сè што создаде за нас.
114. Не се жали на времето. Жали се себеси дека ти е сè потешко да се прилагодуваш на него.
115. Со вас само денес вака, а утре како биде.
116. Нема долг живот со секој сам со себе и во себе.
117. Принципиелност, цврсти ставови и достоинство за уважување.
118. Сиромаштија и немаштија-слугување и покорност.
119. Што може да се случи меѓу нас ако се сретнеме и се препознаеме? Баш ништо. Предоцна е за што било.
120. Се жалам?! Не бре, само рамнодушно си велам дека сум непризнаен и безначаен стар бел дедо кој создал огромно творештво.
121. Штом си тенденциозен, не си слободен и независен.
122. Изгубеното време на љубовта не може да се поврати.
123. На квазибизнисменот и политикантот им е еднакво тешко да останат што се, откако нивната партија ќе ја изгуби власта.
124. Глумат политичари, а не ги бидува ни за глума ни за политика.
125. Никој не може да избега од правдата, а тој ем избега ем го нема нигде! Чаре? Само навремени, решителни и брзи акции.
126. Самоконтрола или самоцензура-на исто излегува.
127. Само нека е за арно:
Било и поминало, како никогаш да не било.
128. Тајните љубови и по смрт тајни заради потомството.
129. Развојот на културата и уметноста најнапред значи почит и финансиска поддршка на творци, нивни дела и културно-уметнички институции.
130. Надворешната убавина е минлива, а внатрешната ненадминлива.
ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIV