Болење

Потребно време за читање: < 1 минута

-БАШ МЕ ЗАБОЛЕ!

-ШТО?

-СĖ. И ШТО БИЛО И ШТО НЕ БИЛО И ШТО ЌЕ БИДЕ И НЕМА ДА БИДЕ. СЕЕДНО ДАЛИ САКАМ ИЛИ НЕ САКАМ.

-И АКО ТИ НЕ СИ НА СВЕТОВ И ВЕКОВ?

-ТОА, ПАК, БАШ МЕ ЗАБОЛЕ!

-ТЕ ПРАШАВ ШТО ТЕ ЗАБОЛЕ.

-БАШ СĖ!

НАСЛОВИ (СĖ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 36