Тврдоглавост-Инает

Потребно време за читање: 3 минути

183. Тврдоглавост-Инает

Македонски народни пословици и изреки

Девет вели, десет не вели (на инатчија)

За инат еден тоар сол јади и не сака да плати.

За инат је роден.

Инат праит како магаре на мое.

Инатчијата умират, ама зборот назад не си го земат.

На студ инат не се чинит.

Посладок ет инатот од медо.

Со инат куќа не се вртит.

Со инатчија инат не праи, оти зијан ќе те најдит.

Пословици и изреки од народи на светот

Инаетот вади око. (Грчка)

Инаетот е поблаг од медот. (Турска)

Паметниот попушта, магарето не допушта. (Српска)

Ти си паметен, тебе не вреди да ти се зборува. (Српска)

Латински изреки

Клин со клин се избива.

Тврдоглавоста е слабост на волјата.

Тврдоглавоста е форма на глупоста.

Домисла, гесло, мисла водилка

Децата Божји всушност непрестано го менуваат своето мислење (значи не се тврдоглави) и го усогласуваат со Божјото (што не е безболно оти секогаш бара понизност и одрекување од себеси). Низ проверувањето на ова усогласување христијаните бидуваат постојани, а никако тврдоглави.
Библија

Разликуваме постојаност на верата од тврдоглавост. Тврдоглавоста ѝ служи на нашата гордост. Во христијанскиот живот се практикува постојаност во верата која е последица на проверување. Постојаноста е непоколебливо стоење до Божјото мислење, а не сопственото. Постојаноста во верата не приведува кон надежта која не засрамува-зашто Љубовта Божја се разлева во срцата наши по Духот Свет кој ни е даден.
Библија

Тврдоглавоста е останување на своето мислење по секоја цена и не е особина на Децата Божји.
Библија

Човек кој и покрај сето карање останува тврдоглав, наеднаш ќе пропадне и ќе му нема спас.
Библија

Рекле, издумале

Во време на војна сите држави се однесуваат еднакво лошо, бидејќи силата на дејствијата им се предава на глупави и тврдоглави луѓе.
Кенет Кларк

Да се убие или да се зароби човек е релативно едноставна задача во споредба со тоа да му се промени мислењето.
Ричард А. Коен

Нејзините најголеми слабости-тврдоглавост, ароганција, љубомора-беа во исто време нејзини доблести.
Анита Амиррезвани

Не знам за поголема издржливост од тврдоглавоста пред огромни пречки.
Луис Низер

Нема аргумент со магла. Во сопствената нејасна тврдоглавост таа носи повеќе сила од ветер, дожд, снег, па дури и мраз.
Џејн Еркарт

Нема голем успех без малку тврдоглавост.
Албер Ками

Понекогаш инаетот е единственото нешто што го имаме.
Гери Џон Бишоп

Премногу голем инает за живеење и премногу подол за умирање.
Џек Лондон

Разликата меѓу упорноста и инаетот е во тоа што упорноста има свој извор на силно посакување, а инаетот, напротив, силно непосакување.
Хенри Бичер

Решителност: настојчивост во постигнување цели што ги одобрувате. Тврдоглавост: настојчивост во постигнување цели кои не ги одобрувате.
Амброуз Биерс

Само една задача бара попостојан инает-опстанок.
Џанин Каминс

Сега разбирам дека тоа беше инает-глупав инает и дека сум премногу стара за да губам години во очекување прошка.
Џесика Брокмол

Сите глупаци се тврдоглави и сите тврдоглави се глупаци.
Балтазар Грацијан

Тврдоглавите секогаш треба да се водат за носот.
Џејн Остин

Тврдолавоста е енергија на глупавите.
Жан Пол Сартр

Тврдоглавоста е исто што и безумието.
Софокле

Тврдоглавоста е најевтин сурогат за цврст карактер. Преживеаните погледи на развојот на културата и народната свест траат според законот на материјалната и духовната тромост, а тоа се тврдоглави и жилави сили.
Мирослав Крлежа

Тврдоглавоста е слабост што има изглед на сила; потекнува од нарушувањето на рамнотежата на сојузот меѓу волјата и разумот.
Василиј Жуковски

Тврдоглавост и упоритост. Предавањето или да измениш мечта не е исход.
Гери Џон Бишоп

Тврдоглавоста не е најлошата особина на човек, ако пред него има солидни пречки.
Лија Флеминг

Тврдоглавото дете е резултат на неразумното однесување на мајката.
Јануш Корчак

Тие беа толку силни во своите верувања, што настапи момент кога едвај ли имаше значење какви точно беа тие верувања; сите тие се слеаја во еден инает.
Карен Луиз Ердрих

Тој не беше тврдоглав. А љубов. Инстинктот ни кажуваше да ги заштитуваме оние што ги сакаме. Помогнете им. И понекогаш лекувајте ги.
Хедер Вебер

Тука некаде, меѓу инаетот и тврдоглавоста. Тука некаде запнавме.
Мир-Јам

Упорноста е тврдоглавост со цел.
Рич Девос

Ќе барам секаков додатен доказ за да го потврдам мислењето кое веќе го имам.
Лорд Молсон

Човек кој не ги менува своите ставови не е човечко суштство, туку споменик.
Арнулд Оверланд

ДУМА, ОПИТ, УКА, 183