53. Речено неречено
(Внатрешен разговор со себе)
-Што рече?
-Не реков ништо.
-Како ништо?
-Така. Сакав да речам.
-Зошто не рече?
-Немам кому.
-Како немаш? А што сум јас?!
-Си, но јас нема што да ти речам.
-Ти пак исто.
-Што исто?
-Дека не рече ништо, а сакаше да речеш.
-Ти реков веќе.
-Ми рече?!
-Да, дека не реков ништо.
-Зошто ништо?
-Зашто ти е сè речено неречено.
-Како?! Како?!
-Речено неречено. Значи и речено и неречено во исто време.
-Не може така.
-Секогаш е така. И секој така.
-Не секогаш. Некој останува со речено недоречено.
-Кој некој?
-На пример јас.
-Кога ти така?
-Јас така секогаш. Мислам и секој што не молчи како мене.
-Ти не молчиш?!
-Да, јас, и секој што останува со речено недоречено.
-Исто како неречено?
-Тоа не знам. Можеби ти.
-Јас не реков ништо!
-Рече! Но, веќе не е важно