ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 36-40

Потребно време за читање: < 1 минута

36. Пејзаж

Пред пејзаж на бел ѕид.

37. Без трага

Камен изделкан од зол ветар.

38. Суштина на молк

Гледа и слуша незнајно време.

39. Збришан

Не постои оти не остана свој.

40. Недоветен

Гледа бело во сè црно и сиво.