ЖИВЕЕЛ ЧОВЕК ВО ПУСТИНА, ВО ПЕШТЕРСКИ ДУПКИ, ВО ИСТИ ДЕНОВИ И НОЌИ.
СТАНУВАЛ ВО РАНИ ЗОРИ, ИЗЛЕГУВАЛ ОД ДУПКАТА ДО КОЈА СТАСАЛ И ВО КОЈА ПРЕНОЌИЛ, СЕ ИСПРАВАЛ НА НОЗЕ, ЗАПАЛУВАЛ ОГАН ВО ЗАГРАДЕН АГОЛ СО КАМЕЊА, ПОЈАДУВАЛ СУВ ЛЕБ ИЛИ СУРОВ КОРЕНОПЛОД И ИСПИВАЛ ШОЛЈА ЧАЈ ОД СУВИ ТРЕВКИ ИЛИ КАФЕ. ОТКАКО ЌЕ ГИ СОБЕРЕЛ ПРИБОРОТ ЗА ЈАДЕЊЕ, АЛИШТАТА И ПОКРИВКИТЕ ЌЕ ГИ ДИГНЕЛ НА РАМЕЊА И ЌЕ ТРГНЕЛ. КОН КАДЕ? КОН НЕГДЕ НА ИСТОК ИЛИ ЗАПАД.
ОДЕЛ СО БАВНИ ЧЕКОРИ ДО УМОРУВАЊЕ, ПА НАОЃАЛ НЕКАКВА ЗАВЕТРИНА ЗА ОДМОРАЊЕ. ЌЕ ЗАПАЛЕЛ ОГАН. ЗА РУЧАЊЕ ЌЕ ЗГОТВЕЛ НЕШТО ЗРНЕСТО ИЛИ ЌЕ ИСПРЖЕЛ ПАРЧЕ МЕСО ОД ДИВЕЧ ШТО ГО УЛОВИЛ ПАТЕМ. ОТКОГА ЌЕ ОДМОРЕЛ, СТАНУВАЛ И ТРГАЛ.
ТАКА ДО НОВА ПЕШТЕРСКА ДУПКА КОЈА НЕКОГАШ ЈА НАОЃАЛ ДУРИ ВО ЧАС-ДВА ПРЕД ПОЛНОЌ.
НИКОГАШ НЕ СИ ЈА ОПТОВАРУВАЛ МИСЛАТА СО ПРАШАЊЕ ДАЛИ ЌЕ ЈА ИЗОДИ ПУСТИНАТА, ЌЕ Ѝ ГО НАЈДЕ ЛИ КРАЈОТ ЖИВ.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 20