169. Итрина-Итроштина-Лукавост
Не ја сакаме итрината, но во животот се случува да мораме да ја употребиме.
Никогаш не сум дозволил, ниту некогаш ќе дозволам да ја злоупотребам. Или, пак, таа мене да ме злоупотреби. И не само што не ја сакам, туку и не ѝ дозволувам да ме обземе. Особено не со неа да ѝ се спротивставам на мудроста.
Мудроста е спротивна, во животот најчесто спротивставена на итрината/лукавоста. Со мудрост се победува во борба, со итрина во една или неколку битки.
Забележано, потврдено: мудрите неретко просто ги игнорираат лукавите, а лукавите неретко просто ги одбегнуваат мудрите; внимаваат да не се соочат со нив.
Итар народ опстанува? Не! Итри страховладеат со народ, лажејќи го крадејќи го. И го ништат делејќи го. Не во итроштината, а во мудроста е силата на народот.
Кога зборуваме за итрината/итроштината/лукавоста, секогаш треба да ги имаме на ум лагата, измамата и манипулацијата. Поготово простаклакот.
Македонски народни пословици и изреки
Богаство чесно, не собрано со итроштини.
Бертрис Мал
Ѓаол, ѓаол, триста ѓаоли наедно.
Женцките ѓаолштини и ѓаолот не `и знаи сите.
И ѓаоло не му ји знаи негоите итроштиње.
Ѓаолштињето негои крај немаат.
Ит`р као исти ѓаол.
Итроштината никој не можи да му ја одмери.
Со ујдурми ојде далеку.
Пословици и изреки од народи на светот
Жената се надева на плач, а крадецот на кривоклетство. (Српска)
Итриот понекогаш може се мами себеси. (Француска)
Лукавите луѓе понекогаш стануваат жртви на својата лукавост. (Кинеска)
Лукавиот зајко има три излези од својата јама. (Кинеска)
Осоколи го, па гледај како ќе го скрши вратот. (Српска)
Патот на некои силници е поплочен со моќ и лукавство. (Германска)
Свој води свој крај вода, во неа го турка, но не го пушта. (Српска)
Ставете во ред седуммина-еден ќе биде итар. (Руска)
Латински изреки
Народ паѓа без итрина, а останува исправен со мудар совет.
Не се победува непријателот само со сила. Се победува и со лукавство.
Се плашам од Данајците и кога дарови носат. (Timeo Danaos et dona ferentes.)
Со едната рака држи камен, а со другата пружа леб (лукав, расипан човек). (Altera manu fert (tenet) lapidem, panem ostentat altera.)
Домисла, гесло, мисла водилка
Бистрите лажливци даваат детали, а оние побистрите не.
Анонимус
Во очај некогаш мораме да прибегнеме кон лукавство.
Анонимус
Бескорисно е да се споредувате со побогат и попознат од вас, но и со оној што е скалило подолу. Лукавиот знае дека е тоа безвредно.
Анонимус
Во страст жената е поитра и поинвентивна од мажот.
Анонимус
Човек не може да ја надитрите мајката природа.
Анонимус
Рекле, издумале
А дали си среќен оти ти влезе како гром во оваа лукава машина на животот?
Василиј Аксјонов
Ако ти се сметаш себеси за најпаметен и најлукав, тогаш секогаш ќе се најде некој што ќе ти ја докаже заблудата на тоа погрешно сфаќање.
Алексеј Пехов
Ако тој знаеше едно нешто за животот, тоа беше следното: грижи се за себеси. Никој друг не би го направил тоа наместо тебе. Ако си измамен или надитрен, тоа е твоја сопствена вина и најдобро научена лекција пред светот да те проголта.
Кели Армстронг
Апсолутно е невозможно да се предвиди сè. Обидете се да не се обидувате, но животот така или инаку ќе ве измами.
Скот Туроу
Бакнежот е процес на итро измислен процес за взаемно прекинување на говорот во време кога зборовите се излишни.
Оливер Херфорд
Без лукавство во светот не можеш да преживееш.
Александар Островски
Беспомошни можат да бидат децата, болните и старите луѓе кои го изгубиле умот. Секој друг е сосема способен да го прави она што го прават сите други. А беспомошноста во овој случај е итра игра, манипулација за префрлање на одговорноста на други.
Ана Кирјанова
Бидете итри и исполнети со итроштини, па вашите луѓе никогаш нема да бидат уништени.
Ричард Адамс
Благородните господа беа воздржани и неразбирливи, селаните зборлести и разбирливи, но ѓаволот беше подеднакво лукав и за едните и за другите.
Џузепе Томази ди Лампедуза
Борбата без лукавство е како копје без врв.
Хенри Лајон Олди
Борбата се учеше со лукавство, внимание, будност, храброст.
Валентин Катаев
Веројатно музиката е единствената вистинска магија што ја открив во мојот живот. Во неа нема никаква итрина. Таа е чиста и вистинска. Таа движи, лекува, комуницира и ги прави сите овие неверојатни нешта.
Том Пети
Вистината не е убаво создание кое живее на дното на кладенецот, туку срамежлива птица која може да биде уловена само со лукавство.
Џозеф Конрад
Владата во својата суштина е лукав механизам за лична корист без лична одговорност.
Василиј Головачев
Вљубувањето е кога се губиш бавно, дел по дел. Занес е кога ќе се изгубиш наеднаш. Љубовта е како бршлен. Те обвива, тивко задушува секој дел од тебе. Не е трпелива, мила или нежна. Таа е сиромашна, итра и задушувачка.
Л.Ј. Шен
Внатрешната противречност не придонесува за разбирањето, туку само генерира лукавство, помага да се прилагоди на околината. Тоа е она кон што се стремиме повеќето од нас.
Џиду Кришнамурти
Во блатото на градскиот живот лесно можеш да умреш од пазарување и лукавство.
Јукио Мишима
Во едно човечко суштество се заклучени многу други суштества, и секое од нив има свои вредности, мотиви и итрини.
Клариса Пинкола Естес
Во животот има случаи кога најсуптилната итрина се покажува како едноставност и искреност.
Жан д Лабрие
Во мене има нешто ѓаволско поради што сакам да го уништам туѓото мислење за мене, за да им докажам дека всушност сум себичен, горд и лукав, рамнодушен кон луѓето.
Џејмс Џојс
Во случај на нееднакви сили има еден спас-воената итрина.
Молиер
Во совршено организирана армија главниот командант е мудар, мудреците командуваат со корпуси и дивизии, а полковите им се доверени на лукави луѓе.
Борис Акунин
Во политиката победата оди кај оние со итриона, дрскост и расипаност, а не кај оние кои на своја страна имаат факти и принципи.
Мило Јанопулос
Времето е крадец кој го краде животот, и единствениот начин да се врати загубата е да се надитри времето.
Кејт Аткинсон
Глупоста често е повеќе корисна, отколку штетна. Затоа најлукавите се прават дека се глупаци.
Зигмунд Граф
Грижата за дете е лукав начин да се грижиме за себе.
Џон Медина
Да имаш чисти раце беше невообичаен критериум за улогата, но итроштините на неговиот претходник гарантираа дека барем во овој случај тоа е политика.
Мик Херон
Да го спречуваш мажот да се насладува на сопствената итрина обично е неразумно.
Маргарет Атвуд
Да се биде љубовница, откри таа, изискува повеќе лукавство и измама, повеќе генијалност и снаодливост, отколку што пишува во љубовните романи.
Ридион Брук
Да си писател стана работа како секоја друга; професија во која лукавството, умешноста и способноста да им се нудиш на медиумите често го компензираат присуството на вистински талент.
Сузана Тамаро
Децата се толку итри.
Морис Сендак
Добар сум да играм глупав. Цената што ја плаќам за тоа е самотијата на умот. Само кога пишувам можам да се надитрам и да раскажам што сум видел, инаку не можам, не смеам. Освен сега, со него. За првпат сум сакан поради самото однесување кое некогаш ми стекнува неодобрување од луѓето што ги сакав.
Кони Палмен
Добро гледам дека сега човек мора да научи дека сожалувањето штеди; лукавоста повеќе од совеста вреди.
Вилијам Шекспир
Еве уште една добро позната итрина: ако сакате вашите подредени да направат нешто итно, доделете му го на најзафатениот (или вториот најзафатен) вработен во канцеларијата.
Насим Талеб
Еден итар и остроумен човек може да ги слуша оние што зборуваат, но тој треба да го слушне мислењето на оној што молчи.
Хорхе Букај
Единствената итроштина е да разбереш каква е итроштината.
Том Питерс
Единственото нешто што останува од тебе на овој свет е лукавството.
Алан Силитоу
Една од најлукавите стапици на едиповиот комплекс е дека длабоко во себе мажот секогаш е подложен на сомнение дали веројатно би било подобро да постапи на друг начин и тогаш тој ја губи својата способност да изврши дејствие.
Мари-Луиз фон Франц
Една жена не сака да се предава и затоа не се опива. Таа е слаба и затоа е итра.
Имануел Кант
Жал ми е што те вовлеков во моите зли шеми со моите машки лукавства. Не ја сфаќав, хм, моќта на мојата сопствена итрина. Всушност, не ги користам многу моите итрини.
Сара Рис Бренан
Жените, како децата, се само поитри и позли.
Курбан Саид
Женскиот ум е лукав и секогаш ќе најде вратичка таму кај што секој маж попушта.
Хенри Рајдер Хагард
Животното може да биде свирепо или лукаво, но само човек умее да лаже.
Херберт Велс
Животот е итра игра, чии правила треба да ги научиш сам.
Џојс Оутс
Животот не е ништо повеќе од моќен еволутивен прилив на бесмисленост, краткорочно преживување на најитриот и пргавиот.
Вилијам Пол Јанг
За да го победам непријателот треба да станам како него, само поподмолен, уште полукав, безмилосен и крвожеден. Тоа се законите на војната.
Сергеј Јуриевич Волков
За менаџерот итрината не е порок.
Френк Херберт
За првпат во својот живот некој му веруваше, едноставно така, без тој да измисли евтин трик или итар потег, а едноставно да му ја каже вистината.
Ромен Пуертола
За секунда во нејзините очи го имаше она чудно треперење, онаа злоба што ја сакав, во која сакав да живеам. Итрото дете е најубавото нешто на светот.
Кевин Вилсон
Задоволството е структурата на општеството. Од детството до смртта ние тајно, лукаво или очевидно проследуваме задоволство.
Џиду Кришнамурти
Закана во комбинација со интелигенција и лукавство; тоа е многу опасна комбинација.
Дејвид Балдачи
Законите и уредбите треба да бидат изрично напишани за да не се толкуваат. Кај луѓето има малку вистина, но многу итроштина. Под нив се поправаат истите тунели како при зацврстување.
Петар I Велики
Зборовите се лукави, непокорни и неуловливи. Тие не сакаат да бидат спитомени. Да спитомиш еден збор (да го претвориш во тема) значи да му ставиш крај.
Роза Монтеро
Злодејците се лукави, но на крајот се изневеруваат себеси.
Глен Кук
Знам дека најлукавиот начин да излажеш е да ја кажеш вистинската доза на вистина-потоа да замолчиш.
Роберт Хајнлајн
И, на крајот на краиштата, мислев дека ја знам вредноста на лажните науки доволно за да избегнам да бидам измамен од професиите на алхемичар, претскажувањата на астрологот, измамите на магионичарот или итрините и фалбите на некој од оние што тврдат дека знаат нешта за кои се неуки.
Рене Декарт
И откако го избравме нашиот курс, без итроштина и со чиста цел, да ја обновиме довербата во Бог и да продолжиме напред, без страв и со машки срца.
Абрахам Линколн
Идеалниот напад претставува во себеси комбинација на лукавство, брзина и стратегија.
Џуди Бландел
Изгледа како лукав потег на Сатаната. Ако тој може да ја раздели црквата и да посее раздор меѓу вас, тој нема да има потешкотии да ја заврши работата.
Френк Перети
Изгледа дека колку е човек понеодговорен и лукав, толку е поверојатно да има талент за раскажување приказни.
Даѕаи Осаму
Или вие сте екстремно „итри“ затоа што е полесно да ја оправдате вашата негрижа како намерна?
Бенџамин Перси
Има итар мозок во таа убава глава, и таа користи секој честичка од својот интелект во обид да излезе жива од таа ситуација.
Кејти Роберт
Има ли воени итроштини за борба со љубовта?
Ека Курнијаван
Има ловци, има жртви. Со својата дисциплина, лукавство, послушност и будност вие одредувате дали сте ловец или жртва.
Џејмс Матис
Има невидливи владетели кои ги контролираат судбините на милиони. Во принцип не се сознава до кој степен зборовите и дејствијата на највлијателните јавни луѓе се диктирани од лукави лица работејќи зад сцената.
Едвард Бернајс
Има таква итроштина како „Движи се напред“. Пробајте, помага.
Џејсон Статам
Историјата се повторува, но толку лукаво маскирана што ние никогаш не ја откриваме приликата додека штетите не бидат нанесени.
Сидни Харис
Итрата реч спие во глупаво уво.
Том Стопард
Итрината-талент на егоистите и може да ги излаже само глупавите, красноречивоста-за ум, сериозност-за благоразумност, безочноста-за талент, гордоста-за достоинство.
Оноре Мирабо
Итрината е божја милост.
Стјуарт Туртон
Итрината е најнискиот квалитет на умот и највисокиот квалитет на глупоста.
Михаил Пришвин
Итрината е слика на мислата која е многу ограничена од луѓето и која се разликува од умот, на кој личи само надворешно.
Имануел Кант
Итрината е умот на малите умови.
Пјотр Вјаземски
Итрината на жената трае подолго од нејзината убавина.
Елоди Харпер
Итрите шеги често доаѓаат до поголема власт со своите господари, отколку праведен човек.
Јакоб фон Гримелсхаузен
Итроштината е во тоа да си создадете име на сметка на други. Предмет на кражбата се вашето внимание и вашата доверливост.
Рајан Холидеј
Јас сум еден мал свет направен лукаво.
Џон Дан
Јас сум едноставен човек, без итроштини.
Исак Бабел
Кажуваат точно: лисицата е итра, но оној што ќе ја фати е поитар.
Бенито Перез Галдос
Кажуваат дека ние волшебниците сме лукави. Верувајте ми, нашата итрина е бескорисна, апсолутно бескорисна во однос на жените.
Џим Бучер
Како воопшто можеш да му се довериш на човек кој изгледа како ангелско дете, а промислува како лукав старец?
Дајан Вејн Џонс
Како и секој „интелектуалец“, учителот по филозофија е дребен буржуј. Кога ќе отвори уста, зборува дребнобуржоаска идеологија: нејзините ресурси и итроштини се бескрајни.
Луис Алтусер
Кога не може со бруталната сила, помага лукавството.
Рик Риордан
Кој може да се спореди во лукавството со шумар, решил да се занимава со ловокрадство?
Џо Слејн
Колку е чудно што дури и најумните и лукавите луѓе често го гледаат само она што сакаат да го видат, и ретко забележуваат нешто дури зад најтенките фасади.
Џејмс Клавел
Колку е човек постар, толку станува поитар.
Аркадиј Гајдар
Контролата беше во основата на секој хумор. Дури во најневиниот вид, некаква шега или итар коментар, ако не начин да се преземе контролата? За да стане крал на моментот.
Адам Рекс
Корпорација: итроумен изум за добивање лична добивка без лична одговорност.
Амброуз Биерс
Креативноста не е итрина да го избереш најдоброто место во канализацијата. Токму обратното, тоа е остроумноста да излезеш од неа.
Енрике Марискал
Лисицата ја обвинува стапицата, а не себеси.
Вилијам Блејк
Лицето му изгледаше лукаво и мудро, како да знаеше многу нешта, многу од нив не вреди да се знаат.
Е. Б. Вајт
Луѓе кои се глупави и зли се лукави. Тие знаат како да го покажат доброто како зло.
Владислав Крапивин
Лукавиот ѓавол сака да нè убеди дека тој не постои.
Гијом Мусо
Лукавиот се бори, додека мудриот отстапува.
Карел Чапек
Лукавите луѓе го презираат знаењето, простаците му се восхитуваат, мудрите луѓе го искористуваат.
Томас Маколеј
Лукавост-тајното засолниште на бездарноста.
Филип Честерфилд
Лукавост-само благодарение на неа е лесно да се надминат пречките, благодарение на една итрина.
Даниел Келман
Лукавоста сè уште не е доказ за памет. Има глупаци, па дури и лудаци кои се извонредно лукави.
Александар Сергеевич Пушкин
Лукавството на едни обично се засновува на глупоста на други.
Марет Марипуу
Љубезноста може да биде различна: глупава, паметна, лукава и дури зла.
Константин Мелихан
Љубовта е како алкохол: колку сте попијани и беспомошни, толку повеќе се чувствувате посилни, итри и поуверени во вашите права.
Луј-Фердинанд Селин
Малку луѓе можат да бидат најдени за поодвратни од лукав свештеник. На крајот на краиштата, тој ги поддржува сите свои дела со богословски пресметки.
Кен Бруен
Маската-мојата сопствена маска-личи на моето лице. Многу лукаво е направено: ја отстранувам маската, станувам како себе. И во маската го имам лицето на овој друг човек. Маскиран. Моето маскирање е текст.
Томас Еспедал
Меѓу другото, сè би било многу полесно за преживување, ако само не го заборавев основното правило што сум си го поставила за мојот живот: да бидеш мил и добар е најважно! Јасно и едноставно, да бидеш добар-тоа разрешува и обединува сè и е подобро од секоја измама и инсистирање „да си во право“.
Роза Луксембург
Мислам дека козите се најитрите од сите четириножни животни.
Фазил Искандер
Мислам дека најголемиот проблем на луѓето е наивната заблуда дека се попаметни или поитри од останатите.
Сергеј Минаев
Многупати успевав да ја надитрам смртта. Поради оваа причина јас престанав да се сообразам со неа.
Кристофер Прист
Можеш да бидеш поитар од друг, но никогаш поитар од сите.
Франсоа Ла Рошфуко
Молчењето е блесок на глупавиот и итроштина на мудрецот.
Александар Поуп
Мудриот човек разбира сè; лукавиот човек разбира секого.
Френсис Бекон
Мудроста на лисицата често се преценува, зашто во заслуга ѝ се припишува и глупоста на кокошките.
Ханс Каспер
Мудроста е ум во комбинација со добрина. Умот без добрина е лукавост.
Дмитриј Лихачов
На умен и лукав бог потребен му е свештеник со истите квалитети.
Ришел Мид
Најмногу нè лути кога оние што нè мамат со итроштини мислат дека се полукави од нас.
Франсоа Ла Рошфуко
Најсигурниот начин да бидете измамени е да мислите дека сте поитри од останатите.
Франсоа Ла Рошфуко
Нашиот свет е исто така мистификација, арена на восхитувачки претстави и лукави интриги.
Малколм Бредбери
Неговиот вообичаен манир: ако не било можно со сила-земи го со лукавство.
Ник Перумов
Неговото тело никогаш не се заморуваше, а само неговиот мозок-сложен, лукаво направен јасно мислечки мозок-знаеше што значи умор. Неговиот мозок постојано, постојано го чувствуваше.
Волтер Тевис
Нејзината насмевка беше итра како скршена стапица за глувци.
Рејмонд Чендлер
Некој може да биде полукав од некого, но не од сите.
Франсоа Ла Рошфуко
Нема поголема штета за државата, од прифаќање на лукавството за мудрост.
Френсис Бекон
Немаме потреба од дополнителна итрина, без нови идеи, без непотребни гeџети, без избезумена хиперактивност-сè што ни треба е помалку рационалност.
Ролф Добели
Непријателот треба да биде победен во битка, но противникот е различен. Треба да го надмудриш противникот.
Луиз Ердрич
Не знаете ли дека безумната љубов е лукав мит создаден од мажите за поробување на жените?
Паскал Брукнер
Не кажувај дека си силен-ќе налеташ на посилен. Не кажувај дека си итар-ќе налеташ на некој поитар.
Василиј Јан
Не се потпираме толку на борбената обука и воената итрина, колку на нашата вродена храброст во отворени дејствија.
Перикле
Ние не сме луди кога бараме начин да се спасиме. Ние сме лукави, како изгладнети животни.
Алесандро Барико
Никој сè уште не успеал да биде толку лукав за да го сокрие тој квалитет.
Хајнрих Хајне
Ништо корисно нема да постигнеш со итрина.
Мајкл Сванвик
Ништо не ми го кинеше срцето како невиноста во мрежите на лукавството.
Денис Фонвизин
Овците се лукави, понекогаш сурови и патолошки глупави.
Џоан Харис
Опстанокот и победата беа едноставни прашања за сила, лукавство и волја.
Кајл Милс
Осаменоста-лукав непријател што го дели човекот од добрината.
Филип Сидни
Повеќе од техника, ние имаме потреба од човештвото. Повеќе од лукавство, имаме потреба од добрина.
Чарли Чаплин
Понекогаш е неопходно цело утро за да надживееш еден сон, да надитриш еден сон.
Дон ДеЛило
Понекогаш ми доаѓа идеја дека има специјална образовна институција во која лукавите измамници ревносно изучуваат дисциплини како стратешки извинувања, префрлање одговорност, уметност на страдање, илузии за самоуништување и други.
Ника Набокова
Потребата, желбата за безбедност и сигурност создава царства. Тие се уништуваат со несогласување, лукавство и сила.
Александар Радишчев
Потсвеста е лукаво и мрзеливо суштество.
Јуриј Шчербатих
Потури му ги своите соништа на непријателот-можеби ќе загине при нивното остварување.
Станислав Јержи Лец
Правилната едноставност е најдлабока мудрост, а перверзната итрина е најобична плиткост.
Исак Бароу
Правдата е право на најлукавиот.
Жозеф Жубер
Пред да размислиме за одмазда поради оваа женска итрина, подобро е да размислиме како да ја свртиме во наша корист.
Пјер Шодерло де Лакло
Преживувањето на Земјата е неверојатно итро дело.
Бил Брајсон
Природата игра со нас лукава игра. Нам ни изгледа дека „кренала раце“, додека тргнала да нè фати за гуша.
Клајв Стејплс Луис
Природата има лукави начини да ја најде нашата најслаба точка.
Андре Ациман
Простакот смета дека големото лукавство е единствена голема памет. Тој не може да сфати дека вистинска памет значи кристализирана добрина и длабоко човекољубие.
Јован Дучиќ
Професионалецот е лукав. Тој знае дека колку што се труди да мине низ влезната врата на техниката, тој толку му остава место на генијалецот да влезе низ задната.
Стивен Пресфилд
Работата е во тоа што комедијата тргна во чудна насока. Луѓето навистина ги сакаат ироничната комедија, фалсификатот и итроштината.
Луис Си Кеј
Разбрав една неподмитлива вистина. Тоа е дека можеме да правиме чуда со своите раце.
Александар Грин
Сакаше да се претстави како лукав човек, сакаше да го сокрие своето добро срце. Којзнае зошто луѓето со добри срца секогаш се обидуваат да го сокријат тоа од другите?
Џани Родари
Сама по себе големината на мозокот не значи ништо. Кај слоновите и китовите тој е поголем од нашиот, но нема да ви биде тешко да ги надитрите на преговарачка маса.
Бил Брајсон
Само затоа што најгрубата лага се чувствува внатрешно уништена пред едноставната вистина и затоа што целото достоинство и слава на човечката природа на крајот не зависи од лукавството, туку од чесноста.
Теодор Момзен
Светот е неправедно место. Не ве наградува затоа што сте добар, пристоен или морален, туку затоа што сте талентиран, устремен и лукав. Овие нешта не се нужно позитивни. И ниту едно од нив-дури ни талентот-не е добродетел.
Л.Џ. Шен
Секој човек од акција има силна доза на егоизам, гордост, цврстина и лукавство. Но, сите тие нешта ќе се сметаат за високи квалитети ако тој успее да ги претвори во средства за постигнување големи цели.
Георгиос Сеферис
Сè во оваа традиционална служба секогаш му ги сугерираше големите принципи на управувањето на државата кои останаа непроменети при секоја промена на режимот-лукавство и храброст.
Анатол Франс
Сè уште не знаев дека понекогаш надмудрувајќи ги другите ние случајно се надитруваме себеси.
Рута Сепетис
Силните дејствуваат со рацете, мудрите со умот, а лукавите со некој друг.
Владислав Гжегорчик
Слабакот кој својата слабост умее да ја користи е јак. Тоа е тајна на лукавите жени и неразвиените земји.
Херман Мелвил
Слабиот во храброст е силен во итрина.
Вилијам Блејк
Смеата не е маргарин, не е стока што се купува и продава. Не можеш да разменуваш, не можеш да мамиш, не можеш да тргуваш. Смеата не се тргува. Можеш само да ја заслужиш.
Џејмс Круз
Смешно е како историјата се повторува. Нè чека. Не е важно како ќе се обидеш да ја надитриш.
Лорет Ен Вајт
Смирението значи да ја прифаќаме реалноста без да се обидуваме да ја надитриме.
Дејвид Ричо
Со инфокапитализмот, монополот не е просто некоја итра тактика за максимизирање на профитот. Тоа е единствениот начин индустријата да работи.
Пол Мејсон
Сосредоточување е името кое итрите луѓе ѝ го даваат на мрзеливоста за да се оправдаат пред оние што гледаат, така што „секој да ја исполни својата улога во активното општество“.
Силвен Тесон
Среќата беше нешто што или сте го заработиле или го измисливте преку силата на карактерот. Требаше да го примите искрено; не можете да со пробиете со итрина или блеф.
Патрик Девит
Според мене, вистината е лошо оружје, итроштината и подлоста-тоа е она што носи просперитет во наше време.
Дафне Де Мориер
Според моето искуство, хероите не се подобри од тебе или од мене. И иако повремено се благородни, тие се исто толку итри, снаодливи и по малку дрски.
Џонатан Оксиер
Стравот, како и љубовта, може да се престори во повик за свест; човек се среќава со несвесното, непознатото, крутото и неконтролираното одржувајќи врска со страв што ја издигнува слепата инстинктивна паника на овците до свеста, итрината, страшниот страв на овчарот.
Џејмс Хилман
Стрелата истрелана од стрелецот може или не може да убие еден човек. Но, итроштините измислени од мудреци можат да убијат дури бебиња во утробата.
Чанакја Пандит
Така, со таква победа, не со машини, а во спротивставување на принципот на принципите на машините, слободата на државите беше зачувана со лукавството на архитектите.
Витрувиј
Таква е природата на овој свет, сине мој. Погледни наоколу-насекаде има траги од две спротивности, нераскинливо поврзани и вечно спротивставени. Речено е: најголемата итрина на ѓаволот е да го убеди светот во неговата нереалност.
Марина Јуденич
Теолозите се во сложени и лукави расудувања за да го оправдаат постоењето на злото, без да ја доведуваат во сомнение Божјата добрина.
Паскал Брукнер
Тие секогаш мислат дека најлукавиот ѕвер е лисицата. Всушност, најлукав е волкот. Гледате ли, суровоста е инспиративна.
Жан Жионо
Тоа е итра човекољубива свиња.
Лилијан Глас
Тоа е итрината на уметноста: ако кажувате доволно лаги, вие несомнено ќе кажете нешто вистинито.
Вилијам Морис Мередит
Тоа е опасноста од тероризмот: лукавството на еден човек, сокриен во толпата, против титанската сила на цела нација.
Изабел Аљенде
Тоа што не го сфатив е дека желбата да ја испробуваме желбата не е ништо повеќе од со итрина да го добиеме она што го сакаме, без да признаеме дека го сакаме.
Андре Ациман
Тој беше умен и лукав, во постојано движење, но не принципиелен, така што никогаш не знаеше каде да застане.
Али Конди
Тој веруваше дека луѓето треба да ги имитираат китовите. Тој рече дека луѓето станале мали и итри како стаорци и дека деновите на бавни, огромни, убави чекори исчезнале. Ерата на гигантите е завршена.
Ун Су Ким
Тој ја искористил својата итрина за да стане и да остане невидлив.
Ден Симонс
Тој наеднаш откри дека она што сакал да го докаже испадна нешто сосема различно. Човечката природа го беше надмудрила. Затоа што, ако таа не напушти пријател, тој исто така не би можел.
Винстон Греам
Тој цврсто веруваше дека секој престапник може да биде победен со интелигенција, лукавство и внимателно изработена дезинформација.
Ранулф Фајнс
Толкава е неизмерноста на неговата генијалност, што тој може да се надмудри дури и себеси.
Стивен Ериксон
Треба да научам да бидам полукаво заобиколен, си помислив: лошото криење е рамносилно на кажување на вистината.
Вилијам Бојд
Умниот човек му дава на светот многу повеќе отколку што добива, а лукавиот се грижи да земе многу повеќе и да даде во замена минимално.
Џорџо Фалети
Успехот „има лукава навика да се прикрадува низ задната врата“; често иде под маската на неуспехот или привремениот пораз.
Наполеон Хил
Уште еднаш се уверив дека брат ми е вистински принц: лукав и расипан.
Роџер Зелазни
Фокусот на процесот наместо на целта создава подмолна можност за лукави служители да манипулираат со системот.
Ласло Бок
Хор [на птици]: Човекот е навистина лукаво создание.
Аристофан
Целите што итроумните луѓе ги објавуваат ретко се нивните вистински цели.
Ричард Скот Бекер
Чесното одбивање е секогаш подобро од итрата измама.
Стив Павлина
Често се случува лукавството да ја победи лукавост, поради што е неразумно да се забавувате со исмејување на другите.
Џовани Бокачо
Човекот постигнал голем напредок во лукавството кога на другите им изгледа премногу паметен.
Жан д Лабрие
Човечката лудост често се покажува како мачкино лукава и подмолна.
Херман Мелвил
Штом влезеш во домот на пријателот, исчезнува неопходноста да се маскираш, да си итар и итроста отпаѓа.
Кенет Греам